Текст во три реда, но со повеќе етички и професионални прекршувања

Ова е добар пример за тоа како во само три реда се направени десетици етички и професионални грешки. Начинот на којшто непотпишаниот автор го пренел настанот нема никаква врска ниту со вест ниту со информирање, а уште помалку со претставување на вистината. Изјавите на двајцата панелисти во дебатата се целосно искривени.

 

Lajmi që recensojmë

Линк до оригиналниот напис: ХАХА сите го исмејуваат Арјанит Хоџа и Движењето БЕСА – ВИДЕО

Датум на објавување: 10.3.2021

Датум на рецензија: 14.3.2021

Рецензент: Наиле Даути

Тенденциозен наслов, целосно неетички

Насловот на веста го одразува самиот текст. На прв поглед, насловот дава впечаток дека станува збор за коментар на некој граѓанин на социјалните мрежи. Но, воопшто не е така. Насловот е од самиот автор. Всушност, нема многу што да се анализира во насловот, бидејќи самиот текст е „разочарувачки“. Она што се забележува во насловот, е прикачувањето на ВИДЕОTO, кое на еден или друг начин, треба да го направи написот поубедлив за читателот и да ја побуди неговата љубопитност.

Текст со десетици етички и професионални грешки

Аналитичарот Арјанит Џафери му го кажал на Арјанит Хоџа тоа што го велат граѓаните, дека Беса има повеќе функционери отколку членови! И самиот министер од БЕСА, свесен за ова, со смеа го прифати овој факт… следете го видеото… – се вели во текстот.

Текстот што го рецензираме е проблематичен од етички аспект. Како најизразени етички проблеми се извртувањето на зборовите на панелистите – тврдењето дека „граѓаните сметаат дека Движењето Беса има повеќе функционери отколку членови“. Потоа, пристрасност и субјективно гледање на нештата  – тврдењето  дека министерот „го прифатил тој факт“, оваа констатација не е аргументирана во текстот, и конечно, недостатокот на авторство, значи, не знаеме кој стои зад овој текст.

(Не)професионалните проблеми за структурирање на веста од друга страна се исто толку изразени како и етичките. Нема информација, па затоа и нема можност да се одговори на најважните новинарски прашања. Еден текст, иако краток, може да биде многу голема вест, доколку со него се каже некоја вистина, се открие нешто големо, некој скандал или слично. Но, оваа објава не го исполнува ниту овој услов.

Всушност, некои од овие прашања треба да му бидат поставени на неименуваниот автор:

Што сакал да каже авторот со овој текст?
Зошто го напишал?
Кој  е авторот на овој напис?

Што – Авторот на овој текст се обидел да оцрни одредена личност или политичка групација. Да не беше така, немаше да се напише такво нешто. Авторот, всушност, не покажал ништо со овој текст, освен што докажал дека таквите медиуми не се медиуми, а ниту таквите автори не се новинари.

Зошто – Бидејќи за ова постојат три можности: авторот го користи медиумот за расчистување сметки, да ја манипулира јавноста со оцрнување на некои личности или една политичка партија и да придобие што повеќе кликови.

Кој – Авторот на написот е анонимна личност, којшто поради тоа не сноси јавна одговорност за она што го пишува. Полесно е да се биде „неименуван новинар“, да не нудиш факти и да напаѓаш некого.

Во овој случај има прекршување на Етикчкиот кодекс на новинарите, кој за вакви прашања препорачува:

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Во однос на логичките недоследности и когнитивните пристрасности, кои најмногу се користат при манипулирање со информации во овој случај имаме „тенденција да се потврди сопствената гледна точка“. Ако оваа манипулација е поврзана со тенденцијата за потсетување, фаворизирање и трагање по информации што ги потврдуваат постојните ставови на авторот, авторот не направил никакво истражување, ниту се обидел да го потврди своето гледиште, туку, едноставно, свесно имплицирал нешто што е невистинито и го пласирал во медиумот.
„Аргумент против човекот“ е исто така уште една манипулација. Ова е затоа што, како што веќе објаснивме, овој текст нема никаква вест, ниту целта била да се направи вест, туку да дискредитира одредена личност и на крај, не помалку важно, не преставува јавен интерес.

За читателите:

Како што препорачува Етичкиот кодекс на новинарите, новинарот мора да ја негува културата на изразување и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. Таквиот начин на комуникација не доликува никому, а уште помалку на некој што треба ѝ пренеса на јавноста реална, а не искривена слика.