Во насловот на веста што ја рецензираме се тврди дека аналните тестови за коронавирус кои почна да ги применува Кина, се воведуваат и во Европа. Ова не е точно. Насловот на веста, за која има и пост на Фејсбук, со над 100 интеракции (коментари, реакции и споделувања), не кореспондира со содржината на текстот!
Кина почна да користи анални брисови за да ги тестира лицата кои се во висок ризик да се заразат со ковид-19, информираше националната телевизија. Здравствените власти на Кина зеле тестови преку анусот од жители на населби во Пекинг каде што имало голем број на потврдени случаи, исто како и во објекти каде се спроведува карантин.
Методот за детекција преку брис од анусот може да ја зголеми стапката на детекција на инфицираните лица затоа што трагите од вирусот остануваат подолго во анусот отколку во респираторниот тракт, изјави докторот Ли Тонгзенг од болницата во Пекинг.
Меѓутоа, според кинеската телевизија, аналните брисеви нема да се користат толку често како другите методи затоа што техниката не е практична. Таа се состои во тоа што се вовлекува стапче со памучен врв три до пет сантиметри во анусот и пополека се ротира.
Меѓутоа, тврдењето дека ваквата метода се воведува во Европа не е точно и ова произлегува од одговорот на новинарското прашање дали постои можност ваквите тестирања навистина да бидат вклучени во препораките на Европската Комисија. Прашањето е поставено на портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.
Но, бидејќи кинеските експерти тврдат дека ваквиот метод на тестирање обезбедува многу посигурни податоци, оваа тема повторно ја отвори друг новинар до крајот на прес-конференцијата, кој праша: „Имајќи го предвид тврдењето за посигурни резултати, дали постои можност ваквите тестирања навистина да бидат вклучени во препораките на ЕК“?.
Тестирањето е прашање на земјите-членки и Комисијата издава само препораки. Ние зависиме од стручните совети, па затоа мислам дека е најдобро да им го препуштиме прашањето на нив и да им дозволиме да видат кои се најдобрите пристапи”, заклучи Де Кирсмакер во наведениот одговор кој е пренесен и од новинарскиот текст.
Горниот одговор на Стефан де Кирсмакер, протаролот за здравство, безбедност на храната и транспорт на Европската комисија покажа и дека поднасловот во веста, во кој се вели „портпаролот на Европската комисија денеска одговори дали наскоро ќе се применуваат вакви методи во Европа“ е, исто така, неточен. Да, тој рече дека Комсијата дава само препораки и дека Комисијата зависи од стручните совети, но не даде одговор дали или не наскоро аналните брисеви ќе се применуваат во Унијата. Таков одговор портаролот не даде.
Сето ова покажува и дека препораките не се донесени.
Ќе постапиме според тоа каде ќе не однесе науката. Значи, ако науката не одведе до задникот, ќе го земеме ова предвид. Но, не можам да додадам повеќе околу ова. Мислам дека не очекувате технички брифинг на темата, додаде тој шегувајќи се.
Во видео материјалот од прес конференцијата може да се забележи дека ниту еден од претставниците на Европската Комисија не потврдува користење на анални брисеви за откривање корона. Напротив, може да се види дека прес конференцијата за ова конкретно прашање се предизвикува смеа и шеговит тон кај говорниците. Потврда за користење на вакви тестови нема и се е оставено во контекст на хипотетичко размислување:
„Ако науката не однесе кај задниците, тогаш ќе го земеме ова во предвид, но не можам да додадам повеќе“, е одговорот кој може да се погледне на видеото на следниот линк.
Во пребарувачот Гугл воопшто не може да се најде ниедна држава од Европа која користи ваква метода на откривање на коронавирусот што е уште еден силен аргумент дека тој не е во употреба.
Оттука тврдењето дека аналните брисови за откривање на коронавирусот се воведуваат во Европа, го оценуваме како невистинито.