Злоупотребата на насловите за повеќе кликови е непрофесионализам

Ова е чист случај на злоупотреба на насловот при објавувањето вест. Насловот „ве кани“ да ја прочитате веста затоа што „ви ветува“ дека ќе обезбеди важни информации за тема што можеби ве интересира, но реално не го исполнува ветувањето. Дури и контекстот е целосно надвор од изборите и нема никаква врска со начинот на кој Теута Арифи ја освои позицијата градоначалник на Тетово.

Линк до оригиналниот напис: „Теута Арифи: Како победив два пати на изборите за градоначалник на Тетово“  Teuta Arifi: Si i fitova dy herë zgjedhjet në komunën e Tetovës

Датум и време на објавување: 30.10.2019, 16:42 часот

Датум на рецензија: 31.10.2019

Рецензира: Фатлуме Дервиши

 

Во одбележувањето на месецот на борбата против ракот на дојка, во една организирана активност, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, беше присутна во улога на панелист. За јавноста е познато дека Арифи лично се справила со болеста пред неколку години поминувајќи низ третман. Во тој период таа беше делумно повлечена од политиката, а подоцна, по целосното закрепнување, се врати активно. На настанот таа ја раскажува својата приказна и авторот на текстот цитира:

Пред десетина години успеав да направам две операции, всушност, додека бев бремена, по тие две операции да родам дете, потоа да одам на терапија, да ја изгубам косата за повторно да ми порасне, а после тоа двапати да победам на изборите во општина Тетово, и, на крај, да се справам со проблемите што не се едноставни, пишува во текстот што го разгледуваме, без да се стават наводници за да се одреди делот од цитатот.

Всушност, ова се воведните зборови на текстот и само според значењето или некаде близу крајот на текстот, сфаќате дека станува збор за цитат. Но, како што може да се види јасно, Арифи воопшто не зборува за политичкиот аспект како победила на локалната трка на изборите. Текстот ја нема соодветната структура на една вест од аспект на тоа како е ставен насловот на текстот, а и според други елементи.

Насловот надвор од контекстот

Брзо се сфаќа дека насловот не е поврзан со остатокот од текстот и, иако му ветува на читателот одредено појаснување на друга тема, целосно го става надвор од контекстот.

Очигледно, авторот проценил дека таков наслов може да предизвика поголем интерес и да привлече повеќе кликови отколку наслов што би разјаснил дека Арифи зборува од позицијата на политичар за својата битка со ракот на дојката, а не од позицијата на градоначалник, за механизмите за победа на политичката битка во двата мандата.

Техники на манипулација

Авторот ги игнорира основните податоци само за да ја постигне својата цел и да привлече внимание, но без заслуги. Ова го прави текстот непрофесионален. Објективно гледано, авторот требаше да ја следи изјавата на Арифи во рамките на контекстот и така да го претстави во насловот.

Или, пак, овој наслов би бил соодветен само доколку авторот би направил анализа што би го вклучила ставот на Арифи за мобилизација и начинот како таа ги освоила двата мандата како градоначалничка, без да се вметне тука борбата со ракот на дојката, затоа што овие две работи воопшто не се поврзани.

За читателите

Еден ваков наслов би го привлекло вниманието на сите затоа што е изграден за таа цел. Но, кога текстот не успева да го испорача тоа што е ветено, тој напис мора да се земе со многу резерви и со критичко око. Читателот треба да знае дека без јасна структура со главниот „извор“ во веста, со извори и факти, веста е нецелосна и непрофесионална.