Меѓусебните реакции помеѓу лица и/или институции, секако, треба да се пренесуваат доколку содржат тема од јавен интерес, но треба да бидат обработени во форма на новинарски напис и да бидат вклучени сите страни. Во таков случај текстот не смее да биде пристрасен, како што е случајот со написот што го разгледуваме.
Линк до оригиналниот напис: „Директорот Села реагира против објавата на Арбен Таравари“ “Drejtori Sela reagon kundër shkrimit të Arben Taravarit”
Датум на објавување: 2.11.2019
Датум на рецензија: 3.11.2019
Рецензира: Фатбарда Цури
Како не треба да се пренесува реакцијата!
Првично, написот што ја содржи реакцијата на директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за употребата на јазиците, Илбер Села, не беше адаптиран за читателите или јавноста да ја разберат фактичката состојба на проблемот за кој се известува во текстот. Така, написот не почнува со информацијата за тоа кој зборува и за што зборува, туку е само копија на реакцијата на Села.
„Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на својата страница на Фејсбук објави реакција против Агенцијата за спроведување на Законот за употребата на јазиците, преку која се појави како бранител на албанскиот јазик. За да ги отфрлиме неговите невистинити, ние сме должни да ги објасниме за доброто на граѓаните. Прво, Арбен Таравари во насловот вели: ’ДУИ назначува Македонци да се грижат за спроведувањето на албанскиот јазик’. Без да сакаме да станеме адвокат на ДУИ, А. Таравари не разликува назначување и вработување. Значи, може да биде назначен функционер, на пример министер, директор, итн., но во овој случај станува збор за вработување, а не за назначување!“, се вели во првиот пасус од написот што го разгледуваме.
Наместо тоа, медиумот требаше да направи вовед дека директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за употребата на јазиците, Илбер Села, реагирал за градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, бидејќи Таравари го критикувал за извесен случај што, всушност, било „вработувањето на двајца Македонци во Агенцијата“.
Пристрасност и непочитување на страните
Покрај неновинарското пренесување и ненагласувањето дека написот се пренесува без да се разгледува, медиумот исто така бил пристрасен или не ги претставил страните на ист начин. Тој ја пренесува реакцијата на Села, а никаде не се наведува што рекол Таравари. Оттука, медиумот се покажал пристрасен, што е во спротивност со Етичкиот кодекс на новинарите.
Во текстот е истовремено користен и концептот на манипулација наречен „аргумент против лице“, кој има цел да пренесе информации и ставови што ја потврдуваат хипотезата што има цел медиумот или лицето што реагирало, создавајќи ситуација и расположение во јавноста за создавање на ставовите кон лицето за кое се реагира, во случајов Таравари, а притоа воопшто да не се објават аргументите или ставовите на страната што е подложена на критика.
За читателите: Информирајте се од повеќе страни
За да се разбере вистинската слика за некој проблем, во овој случај на „ангажирањето двајца Македонци во Агенцијата“, добро е да се добијат информации од повеќе страни. Во овој случај, иако медиумот не го пренесува ставот на Таравари, туку само реакцијата против него, препорачливо е вие како читатели сами да побарате став од другата страна. Во конкретниот случај ова може да ве поттикне да пребарувате на социјалната мрежа „Фејсбук“, за да ја разберете реакцијата на Таравари. На овој начин, ќе бидете добро информирани и ќе создадете целосна слика за ситуацијата.