Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Со монтирано видео се исмева Филипче дека немал конзистентен став за носењето маска

Манипулативен пост во кој наменски се налепени сегментирани искази на министерот Венко Филипче, дадени во два сосема различни временски периоди, неспоредливи во однос на сериозноста на епидемиолошката слика, создава перцепција дека министерот дава контрадикторни...

Руски адвокат претставен како лажен професор од Скопје, па искористен за продажба на лек...

Фотографија од познат руски адвокат  е злоупотребена за претставување на измислен професор „Миодраг Атанасовски од Универзитетска клиника во Скопје, раководител на одделение за васкуларна хирургија“. Атанасовски, го нема ниту во шифрарникот на лекари специјалисти, кои работат во јавните и приватните здравствени установи. Во објавата што се шири на Фејсбук, нему му се даваат чудесни перформанси - имал извршено 1.800 операции на отворен мозок, а најмладиот пациент што го оперирал имал само 2 дена

Лажен ендокринолог со лажна фотографија искористен за продажба на препарат кој наводно лекува дијабетес

,,Научете се да ја разликувате реалноста од измислицата и тогаш ќе го излечите дијабетесот", бомбастично најавува рекламата која ја рецензираме, а во која неколку важни елементи се комплетна измислица. Се рекламира производ за наводно лекување на дијабетесот, наречен Диатеа. За неговата делотворност, искористена е личност која што би требало во очите на јавноста да претставува авторитет за пациентите, меѓутоа неговиот идентитет комплетно е измислен, односно не постои во македонската база на лекари специјалисти

Шопската салата не предизвикува труење

Не постојат цврсти докази дека шопската салата може да доведе до труење во организмот, како што тоа се наведува во постот што го анализираме. Оваа салата кај нас е традиционална и се консумира векови наназад, а досега не е познато дека салатата предизвикува труења. Доколку беше така, сигурно досега ќе знаевме и оваа салата ќе беше одамна тргната од македонските трпеза

Со материјали од странство се води дебата за сексуалното образование во земјава

Суштината на оваа порака од споменатото здружение, која беше широко споделувана од блогери и корисници на социјалните мрежи, е дека тука нема цитат од ниту една домашна публикација, односно учебник, иако веќе се предизвика цел водопад од негативни реакции