Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Не се затвораат и никој не бара да се затворат сите обложувачници во Македонија

  Текстот што го рецензираме, прво, е класичен пример за ширење дезинформација и, второ, според ништо не личи на новинарски напис. Линк до оригиналниот напис: Се затвараат сите кладилници во Македонија? Датум и време на објавување: 25.12.2018 Датум...

Топ-5 дезинформации од протестите против Договорот со Грција

Откако владата на Зоран Заев влезе во сериозни и директни преговори со официјална Атина за конечно затворање на деценискиот спор со Грција за името на државава, почнаа да се оддржуваат чести, поголеми или помали, протести „против промена на уставното име на државата“ и „за неменување на идентитетот на Македонците“, организирани од неформални групи, разни невладини организации и здруженија, но и неколку маргинални политички партии, чие делување се темели на национализмот и евроскептицизмот

Тoп-5 дезинформации за СЈО во 2018

Од формирањето до денеска, Специјалното јавно обвинителство го следат купишта лажни вести, манипулации, дезинформации. Особено трите обвинителки, кои ги водеа прес конференциите во кои се најавуваа истрагите и обвинителните акти, на кои работеше ова обвинителство, беа постојана мета на обиди за лична дискредитација со написи чија цел е нарушување на нивниот углед

Топ-5 дезинформации за референдумот од 30 септември

Од самиот почеток на најавата за референдум, па до неговото одржување, во јавноста проструија многу информации за тоа од каков тип ќе биде, кој ќе го поддржи, кој ќе го бојкотира, дали цензусот ќе се намали и слично. На социјалните мрежи и во медиумите, особено електронските, почнаа да се објавуваат многу лажни вести и дезинформации

Топ-5 дезинформации за преспанскиот договор

Договорот со кој Македонија и Грција ставаат крај на дводеценискиот спор околу името го поздравија многу светски лидери, а во Македонија јавноста се подели. Некои го поддржуваат, некои остро се спротивставуваат. Тоа беше и причина за ширење на разни дезинформации за Договорот, кои министерот за надворешни работи, Никола Димитров, сметаше за неоходно да ги демантира на посебна прес-конференција