Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Сопки пред референдумот

Оваа информација е неточна и манипулативна. Насловот е срочен намерно и тенденциозно да се омаловажат и претстават бескорисни и бесцелни сите напори земјата да се доближи до ЕУ и да стане рамноправна членка на Европската унија. Ова се сопки пред референдумот

Ако не си сигурен што е вистината – прашај!

Рецензираме текст кој има само една но сериозна маана – тој дезинформира, односно пласира невистини. Се работи за куса информација под наслов „Го сакам Водно бега од дебатата со Шилегов“, во која се тврди дека еколошките здруженија собрани околу иницијативата „Го сакам Водно“ за спречување на изградбата на гасовод преку парк-шумата Водно се откажуваат од учество во јавна дебата со власта, која им ја понуди скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Само ден по објавувањето на оваа информација, јавната дебата се одржа

Што не е јасно во текстот? Сè!

Текстот кој го рецензираме претставува класичен пример за мешање баби и жаби. Написот информира за уметнички перформанс кој се одржал во Домот на млади во Штип, но истиот се поврзува со празникот Успение на пресвета Богородица. Проблемот е што не е покажано дали двата настани имаат било каква поврзаност

Секоја оставка не е крах

Текстот што го рецензираме се базира врз шпекулации и непроверени информации. Написот е нецелосен и има за цел манипулирање на јавноста и ширење лажни вести

Привлечен наслов да, ама не по цена на вистината

Насловот е реклама за текстот, привлечен излог кој читателот треба да го погледне, кој треба да го повика читателот да го прочита текстот. Сите новинарски кодекси предупредуваат дека сè почесто таблоидите, а многу често и другите медиуми во потрага по ексклузивност не го почитуваат правилото дека насловот мора да пласира виситна и не смее да манипулира со читателите и да ги залажува