Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Веродостојноста на „наводните информации“ треба да се провери

Текстот што го рецензираме се засновува на чаршиски муабети, а не на факти,  изјави и проверени информации. Не може да се каже дека е новинарски напис, бидејќи отстапува од основните новинарски правила

„Тоа што на бабата ѝ е мило, на сон ѝ се сонило“

Многу свесно, тенденциозно и смислено е обајвена лажна вест – невистина дека: „Уставниот суд ќе го поништува референдумот“. Тоа е нагласено и во насловот, кој амбициозно се самопрогласува за „Ексклузивен“, најавувајќи ја веста со неколку извичници како „Мегаексплозија“

Неточно пренесена изјава – Тодоров НЕМА да гласа „за“ на референдумот

Текстот на груб начин ја манипулира јавноста со овој напис, почнувајќи од неговиот ударен наслов, па низ целиот текст. Според авторот, поранешниот министер за здравство и висок фукнционер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, на панел дискусија рекол дека ќе гласа „ЗА“ на престојниот референдум на 30 септември. Но, тоа е лажна вест

Лажна анкета

Текстот што го рецензираме се однесува на наводна анкета на ОБСЕ, која воопшто не е направена. За оваа „анкета“ објавена во медиумите, демант испрати мисијата на ОБСЕ во Скопје

Разочарани кликови

Текстот кој го рецензираме е каша-попара. Написот очигледно е правен набрзина без да се обрне многу внимание на неговата содржина. Важно е дека има атрактивен наслов кој и тоа како ќе привлече читаност и кликови