Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Претседателот на Танзанија не бил убиен, туку починал во болница од здравствени причини

Потпретседателката на Танзанија, Самија Сулуху, причината за смртта на шеесет и едногодишниот претседател Џон Магуфули не ја лоцира во никакво убиство, туку посочи дека имал здравствени проблеми односно срцево заболување. „Википедија“, повикувајќи се на изјава од потпретседателката Сулуху, пишува дека  претседателот имал коморбидитети повеќе од 10 години, а, исто така, наведува дека постоеле шпекулации во најмалку два наврата дека Магуфули бил заразен со корона-вирусот пред да почине

Сатирична измислена изјава на Мерко стана вистинска вест

Во дел од медиумите изјавата на Мерко е објавена без да се нагласи дека е сатира, а потоа и споделена на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде што има голем број на споделувања и коментари, најголем дел од нив негативни и навредливи

Напис што само отвора дилеми, без да понуди одговори

Уште кога ќе го погледнеме насловот, станува јасно  дека имаме работа со текст којшто, најверојатно, наместо да ги разјасни нештата само ќе ги зголеми прашалниците. Направен е таков избор на наслoв којшто содржи доза...

Текст во три реда, но со повеќе етички и професионални прекршувања

Ова е добар пример за тоа како во само три реда се направени десетици етички и професионални грешки. Начинот на којшто непотпишаниот автор го пренел настанот нема никаква врска ниту со вест ниту со...

Момчето на оваа фотографија не украло леб и сирење, туку го убило брата си

Moмчето на фотографијата што се шири на „Фејсбук“, воопшто не е фатено во кражба на леб и таа е (зло)употребена за да се даде лажен контекст. Фотографија била објавена во американските медиуми во 2011 година, во Џексонвил, во текст каде што се прави пресек на најголемите злосторства поврзани со семејно насилство во 2011 година. Станува збор за дванаесетгодишното момче со име Кристијан Хуан Фернандез, за кое властите објавиле дека е обвинето за убиство од прв степен. Младиот Фернандез бил обвинет за убиство на својот двегодишен полубрат, Дејвид Галарага