Твитер-фалсификат за сеење омраза и уривање личен углед 

 

Објавениот материјал што го оценуваме, всушност, се состои од наслов, една портрет-фотографија, еден наводен скриншот со две реченици со напад и лажно тврдење – и толку. Но, во овие елементи се вградени фалсификат и говор на омраза, а проблемот со објавата е во тоа што воопшто не е направен елементарен обид да се провери вистинитоста на тврдењето, односно со објавувањето на фалсификатот е пласирана крајно груба дезинформација. Вториот проблем е што со преобјавувањето на фалсификуваниот материјал дополнително се шири говор на омраза. 

Линк до оригиналниот напис: Борјан Јовановски до Макрон: Француски гнаси цигански цркнете! (ФОТО) 

Датум и време на објавување: 15.10.2019

Датум на рецензирање: 17.10.2019 

 

Веб-страницатаСигналво вторникот доцна вечерта објави една портрет-фотографија на новинарот и уредник Борјан Јовановски и еден наводен скриншот од неговиот Твитер-профил заедно со две реченици со напад и лажно тврдење. Сето тоа сместено под насловБорјан Јовановски до Макрон: Француски гнаси цигански цркнете! (ФОТО)“. Јовановски, пак, преку својот твитер-профил во средата објасни дека станува збор за фалсификат, а во телефонски разговор за „Критинк“, објасни кој негов оригинален твит е фалсификуван.

Проблемот со овој материјал што го рецензираме почнува со неговиот извор, односно приватен фејсбук-профил, каде што е првично објавен наводниот скриншот од твит на Борјан Јовановски. Тој потоа е преземен некритички одСигнал“, кој само става наслов и фотографија од Јовановски и го реобјавува. Оваа објава беше понатаму споделувана наФејсбук“, што предизвика да се напишат десетици коментари, исто така, со ширење говор на омраза.  

Но, Борјан Јовановски утредента по објавувањето на материјалот на „Фејсбук“ и на веб-страницата, на својот твитер-профил порача дека станува збор за груб фалсификат и ширење говор на омраза против Ромите и против Франција:

Да имаше стварно стратегија и план за борба против лажни вести, уште денес ќе најдеа кој е ВО фејСбук „Мисија“, кој фалсификува и шири говор на омраза против Ромите и Франција – напиша тој.

Во телефонски разговор за „Критинк“, Борјан Јовановски рече дека станува збор за фалсификат на негов оригинален твит напишан на француски, со порака до француската дипломатија дa се замисли за своето однесување.

„Француската дипломатија мора да стане свесна за грешките направени во времето на кризата во поранешна Југославија, кога се донесуваа одлуки за чувствителните прашања на Балканот“, гласи твитот во превод на македонски.

Воопшто не сум изненаден од ова, бидејќи не е првпат да сум мета на фабрики за лажни вести, кои сакаат да сеат омраза. Оригиналниот твит што потоа е употребен за фалсификатот беше напишан на француски. Ама пораката беше сосема друга, политичка и со културен јазик, Далеку од тоа дека беа пцости – ни изјави Јовановски.