[Рецензија: Во Брисел поставено македонското знаме во знак на солидарност по ветото на Макрон]
Не сè што се објавува на социјалните мрежи е вистина за да може без дополнителна проверка да се објави во медиум и притоа ненамерно да се дезинформира јавноста.
Линк до оригиналниот напис: Во Брисел поставено македонското знаме во знак на солидарност по ветото на Макрон
Датум и време на објавување: 16.10.2019
Датум на рецензија: 17.10.2019
Рецензент: Симона Атанасова
Вчера (16.10.2019) iportal.mk наседна на саркастична објава на дописничката на „Фајненшел тајмс“ од Брисел, Мехрин Кан. Таа на својот твитер-профил објави фотографија од пред Европскиот парламент на која се гледаат знамињата на Европската Унија и знамето на Северна Македонија. Во објавата таа напиша:
По пристапното вето на Макрон, знамињата пред Европската комисија ја покажуваат солидарноста со Северна Македонија.
After Macron's accession veto, the flags outside the @EU_Commission are showing solidarity with Northern Macedonia today pic.twitter.com/FHEZFIvDES
— Mehreen (@MehreenKhn) October 16, 2019
Всушност Европската комисија пред своето седиште во Брисел не го истакна македонското знаме во знак за солидарност кон нашата земја поради ветото на францускиот претседател Емануел Макрон за почнување на пристапните преговори за влез во Европската Унија, туку поради официјалната посета на македонска делегација во Брисел.
Ова на „Твитер“ го потврди и македонската дописничка од Брисел Тања Милевска.
Zaev e u poseta zatoa ima zname ama cekam nekoj da se nalepi na ova i da objavi
— Tanja Milevska (@MilevskaTanja) October 16, 2019
Премиерот Зоран Заев, со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, деновиве престојуваат во работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел.
Доколку знамето навистина беше поставено во знак на солидарност со Северна Македонија, ќе беше објавено од страна на Европскиот парламент и на официјалните социјални мрежи. Всушност, кога знамето се поставува во знак на солидарност се поставува на половина копје, што не е случај со оваа фотографија.
Исто така поставено е само знамето на Северна Македонија, а не и знамето на Албанија, која исто така не доби зелено светло од министерскиот совет за почеток на преговори со ЕУ.