Фотографијата од земјотресот во Албанија со кучето и сопственикот е манипулација

Дел медиуми во Северна Македонија со сензационализам известија за земјотресот во Албанија. Најочигледен беше случајот со кучето, што се покажа како лажна фотографија

 

Башке ТВ:Фотографија која ги расплака сите, кучето не се тргнува од телото на сопственикот кој се наоѓа под урнатините

Линк до оригиналниот напис: „Фотографија што ги расплака сите, кучето не се тргнува од телото на сопственикот кој се наоѓа под урнатините“ „Fotoja që po i përlot të gjithë, qeni nuk largohet nga trupi i pronarit qe ndodhet nën gërmadhat e tërmetit (FOTO)

Датум на објавување: 26.11.2019

Датум на рецензија: 26.11.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

Најсензационалистичко беше известувањето на порталот на политичката партија Демократската унија за интеграција, „Башке.тв“, кој случајот со кучето го опиша како „трогателна слика“.

„Трогателна слика денес кружи на социјалните мрежи. Во трагедијата што се случи рано изутринава во Албанија, некој доловил тажна слика. Едно куче стоеше пред раката на сопственикот, кој се наоѓаше под урнатините на објектот што беше срушен од земјотресот“, се вели во веста што ја разгледуваме.

Фотографијата со сличен опис ја објави и порталот „ИН7“, исто така од Северна Македонија.

„Трогателна слика денес кружи на социјалните мрежи. Во трагедијата што се случи во раните утрински часови, некој доловил тажна слика. Едно куче стоеше пред раката на сопственикот, кој се наоѓаше под урнатините на објектот што беше срушен од земјотресот“, се наведува во написот на „ИН7“.

Ова е во спротивност на основните принципи на новинарството, според кои пред да се објави информацијата во јавноста, мора да биде проверена. Исто така, се вели дека известувањето за природни непогоди мора да биде ослободено од сензационализам.

„Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда“, се вели во осмиот принцип на Кодексот на етика на новинарите.

Потврдувањето на изворот на информации важи и за фотографии и видеа. Меѓутоа, доколку медиумите одлучат да објават стари фотографии, мора да наведат дека е од архива или дека служи само за да се илустрира ситуацијата.

Пребарувајќи во Google Images, потврдено е дека фотографијата со кучето што ги преплави социјалните мрежи и медиумите, е стара фотографија и не се совпаѓа со земјотресот во Албанија.

Архива на Google со слики од куче до урнатини по земјотрес
Архива на Google со слики од куче до урнатини по земјотрес

Дека сликата е стара и не соодветствува со моментната состојба во Албанија, објави и „Лајми.нет“, кој со докази покажа дека таа слика била ставена во нивниот систем на почетокот од годинава.

Проверувањето на Лјми.нет за фотографијата

За читателот: Точното информирање е ваше уставно право 

Мора да запомните дека точното информирање е ваше уставно право, затоа инсистирајте тоа да биде од медиуми што користат точни и проверени извори. Во овој случај, дадените медиуми не го почитувале вашето уставно право.