Медиумите не треба да создаваат „драми“ од наводни настани

Лајмпресс: „ДУИ пред две недели 'за влакно' ќе леташе од Влада“

Кога новинарите одат со претпоставки во своите текстови создаваат недоверба кај читателите. Дури и кога претпоставката се користи во ситуации од минатото, кои не резултирале со настани со некакви последици, предизвикуваат медиумите да создадат непотребни „драми“, само за повеќе кликнувања. Таква е веста што ја разгледуваме.

Лајмпресс: „ДУИ пред две недели ‘за влакно’ ќе леташе од Влада“

Линк до оригиналниот напис: „ДУИ пред две недели ‘за влакно’ ќе леташе од Влада?!“ “BDI para dy javëve për “një qime” i ka shpëtuar përjashtimit nga Qeveria!?”.

Датум на објавување: 24.9.2019

Датум на рецензија: 4.10.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

 

Сензационален наслов и манипулативна фотографија

ДУИ пред две недели „за влакно“ ќе леташе од Влада?!, се вели во насловот од веста што ја разгледувавме.

Сензацијата во насловот се јавува со проценката „за влакно“ ќе леташе од Владата, преставуваќи го во физичка смисла настанот, при што ДУИ на крајот едвај останал на власт. Сензационализамот продолжува со употребата на интерпункциските знаци, кои не се објаснети во написот. Користењето фотографија во која се гледаат членовите на ДУИ како ракоплескаат, знак на триумф и радост, исто така дава доза манипулација на целиот напис.

Вест за драма што е демантирана од актуелноста

Сензационализмот од насловот продолжува и во новинарскиот напис, презентирајќи го настанот така што во текстот се претпоставува дека се случил како драма.

Но, она што се наведува во насловот е демантирано од самата актуелност кога е напишан текстот, бидејќи Јово Вангеловски е разрешен од Врховниот суд, а партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ) сè уште е дел од коалицијата.

Да претпоставиме дека драмите штоги спомнува авторот може и да се случиле, но ако тоа не го поткрепи, написот останува на ниво на шпекулација.

„Официјално, и Владата и ДУИ велат дека односите во рамките на коалицијата се нормални и дека тие не се мешаат во функционирањето на судството“, се наведува во текстот што го разгледуваме.

Манипулација преку „Повик на авторитет“ и „Веројатноста“

Во текстот, всушност, се изнесува непоткрепена претпоставка дека СДСМ обезбедил доволно пратеници во Собранието и без ДУИ за да има мнозинство.

„Откако ја создаде оваа ситуација, со помош на меѓународниот фактор Заев успеа да го обезбеди бројот на пратеници во Собранието за создавање ново владино мнозинство. Кога се соочи со оваа реалност, ДУИ се повлече и го деблокираше отпуштањето на Вангеловски“, се вели во веста што ја разгледуваме.

Написот се обидува да ја манипулира јавноста со употреба на концептите како „Повик на авторитет“, кој во случајов е „меѓународната заедница“ и премиерот Зоран Заев. Иако се споменати меѓународни личности, тие не се појавуваат одделно како имиња, ниту се дава изјава од нив. Без изјава, написот се повикува и на авторитетот на Заев и Владата на Република Северна Македонија.

Претпоставката дека ДУИ инсистирала да не се разрешува Вангеловски, и спасувањето од излегувањето од Владата „за влакно“, покажува дека во текстот се употребува и манипулација преку „веројатноста“. Ова обично има цел во јавноста да се пласира хипотеза дека можело да се случи, но не се случило.

Ова е во спротивност со првиот член на Етичкиот кодекс на новинарите.

„Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е можно.“

За читателите: побарајте најмалку една официјална потврда

Не е забрането новинарите да пишуваат за позадината на кој било настан. Но, ова мора да се направи во согласност со правилата во новинарството. Штом ќе помине едно нешто, може да се создадат бескрајни приказни, па затоа е работа на новинарот да пишува само за она за што има факти и докази. Читателите треба да бидат претпазливи кога наидуваат на такви текстови и да бараат макар и една официјална потврда без разлика дали е именувана или анонимна.