Мизрахи не е разрешена од министерската позиција зашто е Еврејка (втор дел)

 

(Првиот дел до рецензијата можете да го најдете овде)

 

[Рецензија: ХИТЛЕР И ГЕБЕЛС ВОСКРЕСНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Разрешена министерката Рашела Мизрахи!]

 

Датум и време на објавување: 15.2.2020, 5:11
Датум на рецензирање: 17.2.2020
Рецензент: Мирослава Бурнс
Фотографиите искористени во текстот тенденциозно ги етикетираат поранешниот премиер Зоран Заев и техничкиот премиер Оливер Спасовски како нацисти, што е срамно за еден новинарски производ.
Исто така, во текстот со леснотија се тврди дека, наводно, имало:

…Стотици антисемитски напади од функционери и членови на СДСМ, а во јавноста се коментира дека нападите се раководени од Илинденска без број и пропагандниот тим на Марјан Забрчанец.

Стотици напади е паушална бројка и непоктрепена со факти, а тоа се прави со цел да се „напумпа“ текстот и испадите на поединци да се доведат во корелација со ликот на Марјан Забрчанец.

Инаку, нападите кон Мизрахи за кои се пишува во текстот не само што беа јавно осудени од сите внатрешни политички субјекти, како и од меѓународниот фактор, туку и против едно осомничено лице беше поднесена соодветна кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи.

Во самиот текст недостасуваат деталите од кои ќе се утврди фактичката причина зошто дојде до разрешувањето на Мизрахи, кои се однесуваат на тоа дека во Министерството постои целосно опремена сала за прес-конференции, инаку употребувана од претходната министерка Мила Царовска. Оваа просторија е опремена со банер со официјалното уставно име, а која воопшто не е употребувана од страна на поранешната техничка министерка, Мизрахи.

За разлика од личните ставови, во меѓудржавните односи има заеднички договорени правила, кои земјите ги прифатиле и кои ги устројуваат релациите меѓу државите.

Па, гледано во целина, на читателите им е понуден еден непрофесионален, манипулативен текст, со кој се креира сосема искривена слика за причините за разрешувањето на техничката министерка за труд и социјална политика.

(крај)