Полицискиот час не е воведен за поставување 5Г-антени

Преку невистинит, паничен и конспиративен напис, проследен со доста вознемирувачка музика, Фејсбук-страницата со име „Даја Гииџ“ ги дезинформира читателите дека Владата на Северна Македонија го воведе полицискиот час од 22 часот поради инсталирање антени за 5Г-мрежата, иако видеото што е објавено не е снимено во РСМ, туку во Албанија. Во меѓувреме, „Критинк“ неколкупати ја објасни (не)поврзаноста на мрежата 5G со корона-вирусот.

Сликa од текстот што се рецензира

Датум на објавување: 10.3.2021

Датум на рецензија: 15.3.2021

Линк до оригиналниот напис: Даја Гииџ 

Рецензент: Ардит Рамадани

Искористувајќи го фактот дека не сите читатели се експерти по технологија или инженери за технички уреди, за да разберат што е 5Г-мрежата, од почетокот на пандемијата до денес многу луѓе, намерно или ненамерно, манипулирале со читателите, што предизвика лажна паника, дека станува збор за нешто опасно.

Авторот на овој напис на „Фејсбук“, кој се претставува како „Даја Гииџ“ им порачува на граѓаните дека по 22 часот, алудирајќи на почетокот на полицискиот час во Северна Македонија, се работи на монтирање 5G-антени.

Нема потреба од пренос во живо, нема потреба од вербално објаснување кога тука се делата. 5G-антените се монтираат во нашите земји по 22:00 часот, се работи во тоа време, но тоа не е поврзано со вирусот – ова видео ми стигна од џамијата каде имам е почитуваниот оџа Елвис Начи, дека била поставена антена во минарето на џамијата без знаење на оџата – пишува тој на Фејсбук.

Овој напис е невистинит и ова се методите на манипулација кои ги користи авторот

Авторот на овој напис го користел методот на манипулација, објаснет во Прирачникот на Критинк, којшто се нарекува „Повикување на веројатност“, па така тој тврди дека веројатно се работи за нешто лошо само затоа што во минарето на џамијата се инсталирани неколку антени за Wi-Fi и им порачува на граѓаните дека „Овој свет му припаѓа на Бил Гејтс, додека рајот на муслиманите“.

„Овој свет му припаѓа на Бил Гејтс, додека рајот на муслиманите“, се вели во написот што го рецензираме.

Сепак, проектот за инсталирање на Wi-fi во џамиите во Албанија започна одамна и е нешто добро за сите верници, бидејќи има цел да се направат „Паметни џамии“.

Авторот овде се осврна и на манипулацијата што се нарекува „Повикување на авторитет“. Имајќи предвид дека огромното мнозинство граѓани го почитуваат имамот Елвис Начи, „Даја Гииџ“ на својата фејсбук-страница вели дека сево ова, што според него е лошо, се случува без знаење на имамот Елвис Начи, за да се направи написот уште поверодостоен.

Во џамијата во која служи почитуваниот имам, оџата Елвис Начи, антената е поставена на минарето без воопшто оџата да знае за тоа, пишува во веста што ја рецензираме.

Еден од методите на маниплација во овој напис се нарекува „Лажна дихотомија“, каде што авторот исклучува каква било друга можност за поставување на овие антени, освен она што го вели тој самиот, а тоа е поврзаноста на антените со корона-вирусот.

„Нема потреба од вербално објаснување кога тука се делата. 5G-антени се инсталираат во нашите земји по 22 часот, работи во тоа време“ пишува во написот што го рецензираме.

Всушност, во овој напис се искористени повеќето од методите за манипулирање со читателите, и тоа  „Лажна аналогија“, при што авторот по секоја цена се обидува да воспостави врска помеѓу две неповрзани работи, како што се корона-вирусот и 5Г-мрежата.

Авторот на написот исто така користел „Селективни докази“ со што тој игнорирал секое научно објаснување во врска со 5G и „штетата“ што може да им ја нанесе на граѓаните и пишувал според неговите лични убедувања.

Бидејќи граѓаните имаат духовна врска со објектите каде што се молат, а во овој случај станува збор за џамија, авторот на написот неколкупати повторува дека овие „5G-антени“ се монтираат по 22 часот на минарињата на џамиите, што значи дека ја користел техниката за манипулација „Повикување на емоции“.

5G и (не)поврзаноста со корона-вирусот

Не можеме со сигурност да ја откриеме генезата на ширењето на првите информации што воспоставија врска помеѓу корона-вирусот и 5Г-мрежата. Светските медиуми јавуваат дека таквата врска почнала приближно некаде во јануари, кога загриженоста од ковид-19 почна да достигнува глобални размери. Некои сугерираат дека ковид-19 е измислен за да служи како покритие за здравствените последици што ги носи 5Г-технологијата. Според оваа теорија, симптомите на вирусот: висока температура, кашлица и отежнато дишење, всушност, се реакција на човечкото тело на изложеноста на 5Г-бранови. Друга теорија сугерира дека мрежата 5Г го ослабува имунитетот, а трета вели дека вирусот ги користи брановите на мрежата за да избере жртви, со што се забрзува неговото ширење. Теоријата беше пречекана со скептицизам од страна на експертите, кои посочуваат дека случаи на корона-вирус се идентификувани во многу земји каде сè уште нема 5Г-мрежа. Како тие гледаат на ова?

Идејата дека 5Г го ослабува имунолошкиот системот нема никаква основа. Имунолошкиот систем на човекот може да биде ослабен од многу работи, од заморен ден па се до лошата исхрана. Овие работи, колку и да се мали, можат да направат да бидете посклони да се инфицирате со вирусот. Магнетните бранови можат да ја нарушат човечката физиологија кога се загреваат, што значи дека имунолошкиот систем не може да функционира. Но, енергетските нивоа на 5Г-брановите се прилично мали и невозможно е да влијаат на имунитетот. „Имаше многу студии за ова“, објаснува за Би-Би-Си, Симон Кларк, доктор по молекуларна биологија.

Масовното ширење информации за врската помеѓу инсталацијата на 5Г-мрежата и корона-вирусот достигна вознемирувачки размери. Тие, исто така, поттикнаа конкретни активности, вклучувајќи и вандалски акти. Како резултат на овие теории, во Велика Британија, во градовите Белфаст, Ливерпул, Бирмингем беа пријавени десетици случаи на акти на насилство, односно, палење антени на телекомуникациски компании, како знак на протест против 5G.

–       Birmingham 5G mast goes up in flames in ‘likely’ arson attack

–       Telecom masts set alight as social media fuels the flames of 5G virus conspiracy

Во заедничката изјава, телекомуникациските компании во Велика Британија, БТ Груп, Телефоника, О2, Водафон и Три, во сопственост на ЦК Хатчисон Холдингс, рекоа дека тврдењата во врска со 5Г во никој случај не се поврзани со пандемијата.

Не само што овие тврдења се неосновани, тие се штетни за луѓето и деловните субјекти што се потпираат на континуитетот на нашите услуги. Тоа исто така доведе до напади врз нашите инженери, а во некои случаи, тие спречија и редовно одржување на мрежата – рекоа телекомуникациските оператори.