Претставничките од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ не се поклониле на шахта!

На социјалните мрежи вирално се прошири една фотографија на која се гледаат претставнички на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет на Центар, кои стојат во поза на поклонување, а пред нив има шахта на која е изработено сонцето од Вергина.

Линк до оригиналниот напис: Какви дебили човече. Ај што се поклонуваат на шахта, ама и ја утнаа шахтата со рефлектор. IQ82

Датум и време на објавување: 8.9.2019

Датум на рецензија: 11.9.2019

Рецензент: Симона Атанасова

Во објавите на социјалните мрежи се тврдеше дека жените ѝ се поклонуваат на шахтата, а имаше и потсмев, омаловажувачки коментари и навреди.

Но, ваквото тврдење дека жените се таму со цел да ѝ се поклонат на шахтата е груба манипулација и лажна вест со која се предизвикаa лавина навреди на членките на Унијата и говор на омраза.

Вистината е дека таа конкретна фотографија е дел од повеќе фотографии објавени на фејсбук-страницата на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, на кои може да се види дека претставничките, всушност се поклонуваат пред споменикот на Методија Андонов Ченто по повод Денот на независноста на Македонија.

Очигледна е намерата, една фотографија, сликана од многу несреќен агол, да се употреби за да се изманипулира јавноста и притоа да се омаловажат жените прикажани на неа, како и партијата што ја претставуваат.

Објавите на социјалните мрежи имаа десетици споделувања, лајкови и недолични коментари.

Иако од Унијата на жени објавија пост преку кој објаснуваат и разјаснуваат за што станува збор, ниту еден од профилите од каде што се ширеше манипулацијата, не го објави постот, ниту се извини.

Навистина ни е многу жал за сите оние „граѓани на Република Северна Македонија“, кои наместо споменикот на Ченто гледаат шахти и на овој ден се осмелуваат да се потсмеваат на настан со кој Унијата на жени на ОК Центар ВМРО-ДПМНЕ го обележи денот на Независноста на Република Македонија и се поклони пред споменикот на првиот Претседател на Македонија.