Со нецелосните и манипулативни вести новинарот создава збунетост кај јавноста

Кога ќе се понуди „вест“ која, всушност, не е вест, не може да се постигне вистинско информирање на јавноста. Таа може да предизвика забуна, емоции и нејаснотии, во зависност од тоа во кој контекст е граденa, но не дава јасен и објективен одраз на темата за која зборува. Таква е веста што ја разгледуваме.

Линк до оригиналниот напис: „Што се случува во ДУИ? Веб-страницата што го омаловажуваше Лика, го фали Хисен Џемаили?“ Çka po ndodh në BDI? Faqja që e shante Hazbi Likën, e lavdëron Hisen Xhemailin? (FOTO)

Датум на објавување: 11.10.2019

Датум на рецензија: 21.10.2019

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Авторот на текстот пишува дека некој (многу членови и активисти на ДУИ) му се обратил со одредени прашања поврзани со случувањата во политичкиот субјект, ДУИ. Тој отвора дилеми што алудираат на одредени движења во оваа партија што се однесуваат на нејзините кадри, само врз основа на една објава на социјалната мрежа – всушност, преземање линк од на една веб-страница, што не е ниту официјалната веб-страница на партијата.

„Многу членови на ДУИ и активисти во Тетово се обратија до медиумите прашувајќи што се случува во нивната партија затоа што не можат да добијат појаснување од партијата. Забуна кај нив предизвикала веб-страницата „ДУИ ОНА“ (“BDI UCK”) на „Фејсбук“.
Во моментов немаме објаснување, се надеваме дека партискиот огранок во Тетово ќе излезе со некакво соопштение“ – пишува во текстот што го разгледуваме.

Нецелосен и збунувачки напис

Со едно читање на текстот се појавуваат други прашања кај читателот;

  • Кои се тие „многу членови и активисти на ДУИ“?
  • Во каква форма и зошто им се обратиле на медиумите за објаснувања?
  • Кои се податоците и кредибилноста на веб-страницата „ДУИ ОНА“ и колку оваа страница ги претставува официјалните политики на партијата?
  • Зошто авторот не барал објаснување од партијата за отворените дилеми?

Ако ги имаше овие информации, текстот веројатно би имал смисла и би бил појасен. Во понудената форма текстот останува нецелосен текст, со идеја оставена на половина и со доста непотврдени факти.

 Техники на манипулација

Многу техники на манипулација се користени само во еден текст. Авторот „е повикан“ од мислењето на мнозинството, почнувајќи го текстот со дилемите покренати од, како што вели тој, „многу членови и активисти на ДУИ“. Исто така, направена е лажна аналогија, во која се поврзуваат две работи за кои не се утврдило дали  навистина имаат некаква врска и дали е заснована загриженоста на активистите. Доказите, ако можеме да речеме дека постојат во оваа вест, се селективни. Ниту еден од нив не дава целосен и јасен приказ на темата. Последно и најважно, изоставени се важните податоци, се занемаруваат основните податоци, како што е партискиот став и барањето одговори од овој субјект.

За читателите: Нецелосните информации се штетни

Ваквите информации не се во служба на професионалното информирање на јавноста. Новинарот треба да го претставува интересот на јавноста и да одговара на прашања што кружат во јавноста. Новинарот не гради прашања врз прашања без да бара одговори таму каде што треба. Ваквите текстови не ги исполнуваат критериумите за професионално информирање и не треба да се земаат здраво за готово.