Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink
Home Blog

Пандемија на ковид-дезинформации

Истовремено со појавата на пандемијата со корона-вирусот почнаа да се шират и дезинформциите поврзaни со ковид-19. Поради недоволно јасните и некохерентни информации од СЗО и затвореноста на Кина на почетокот на пандемијата, луѓето најпрво почнаа да се сомневаат дали вирусот воопшто постои. Потоа сметаа дека постои, но не е опасен, па дека не треба да се носат маски и дека со ПЦР-тестот се оштетува мембраната на мозокот или се спроведува контрола врз населението. Се ширеа и штетни информации дека алкохолот го уништува вирусот, дека тоа е обична настинка, но и дека јадењето лук ќе ве спаси од инфекција. Сите овие тврдења СЗО ги демантираше.

Сепак, година и пол подоцна дезинформациите не престануваат. Светот се вакцинира под силен притисок на антивакцинална кампања, која е штетна и не се базира на медицински докажани тврдења. Лажно се посочува дека во вакцините има чипови, дека тие ја менуваат човековата ДНК, предизвикуваат неплодност и голем број други лаги чија основна цел е да предизвикаат сомнеж во вакцината.

 

 

Фондацијата „Метаморфозис“ преку проектот „Критинк“ во текот на целата пандемија ги следеше дезинформциите и ги разобличуваше со цел на граѓаните да им понуди релевантни факти за да не потпаднат под опасната пропаганда. Застапени беа дезинформации за самиот вирус, болеста ковид-19, но и антивакцинални наративи, кои поттикнуваат сомнежи и ги тераат луѓето да не се вакцинираат.

Владимир Петрески, уредник на „Критинк“ и на „Вистиномер“, вели дека и по една и пол година од пандемијата, бројот на дезинформации не се намалува.

Тоа што е зачудувачки е што нивото на дезинформации за ковид-19 сѐ уште е големо и имаме појава на репетиција на дезинформации. Значи имаме ситуација на дезинформации што се веќе разобличени и нонстоп се повторуваат. Но, исто како што оние што шират дезинформации знаат да ги повторуваат лагите, ние, исто така, ја повторуваме вистината со надеж дека таа ќе стигне до што е можно повеќе луѓе, истакнува Петрески

Д-р Адхурим Фазлиу,  од ЈЗУ Здравствен дом Скопје и член на Здружение на лекари специјализанти, вели дека во текот на пандемијата се појавија многу видови дезинформации што беа пласирани од разни медиуми, но и од самите пациенти. Како вработен во Службата за брза помош, тој наидувал на граѓани што ги прикриваат вистинските симптоми.

При јавување во Брза помош кажуваа дека имаат други симптоми, а кога ќе се сретнат екипите на Брзата помош со пациентите нидуваа на сосема поинаква фактичка состојба – пациентите кријат дека одредено време имаат температура и други симптоми како кашлица, омалаксаност, исцрпеност…, посочува Фазлиу.

Анализата на дезинформациите поврзани со ковид-19 во Северна Македонија на Фондацијата „Фридрих Науман“ и „Метаморфозис“ покажа дека е неопходно да се гради култура на критичко мислење и општествен дијалог на сите нивоа. Анализата спроведена на 479 антидезинформациски написи покажа дека 1/3 е верзија којашто кружи низ целиот свет со главно потекло од САД, Русија и Кина. За жал, медицинските власти често посочуваат дека фактор за смртност е што дел од пациентите предоцна бараат медицинска помош, зашто претходно губеле време со алтернативни пристапи како инхалации, горење темјан, пиење алкохол или гаргара со солена вода, лук или кромид, јадење зеленчуци и тревки.

 

 

 

 

Критичкото мислење кај младите

Аделина Рамадани од НВО „Медиум“ од Гостивар потенцира дека  критичкото размислување е битно за да се спречи одредена манипулација и донесување погрешни заклучоци. Рамадани истакнува дека нивните анализи на терен покажале оти постои широко распространета медиумска неписмесност, особено во руралните средини, изразена меѓу младите и маргинализираните групи

 

Младиот Давид Георгиевски мислел дека може многу лесно да ги препознае лажните вести, но самиот се изненадил кога неодамна увидел дека не било баш така. „Научив многу нови работи за дезинформации и за лажни профили, што за мене беше голем предизвик“, вели тој споделувајќи ги своите впечатоци од учеството во проектните активности за медиумска писменост, организирани од НВО „Центар за аудио и аудио-визуелни уметности Крива Паланка“, а во рамките на проектот „Критинк“. Жаклина Цветковска од оваа граѓанска организација вели дека треба да има повеќе вакви едукативни работилници на кои младите би биле интерактивно вклучени на теми поврзани со критичка опсервација на информациите, особено на оние што се шират на интернет.

Да научи да разликува точна и релевантна информација од лажна вест било вистински предизвик и за Бојан Радески кога работел на темата: Читај вниматело, анализирај паметно“. Тој со група млади луѓе бил вклучен во едукативниот проект на НВО „Медиум“ Гостивар. Аделина Рамадани од оваа невладина организација потенцира дека критичкото размислување е битно за да се спречи одредена манипулација и донесување погрешни заклучоци. Рамадани истакнува дека нивните анализи на терен покажале оти постои широко распространета медиумска неписмесност, особено во руралните средини, изразена меѓу младите и маргинализираните групи.

Според Бисера Бијелиќ од НВО „Ганимед,“ Битола, учениците се желни за неформално образование.

Тие сакаат да излезат од училишните клупи и да научат нешто надвор од нив, вели таа.

Притоа додава дека доколку имаат можност, би го прошириле овој проект со тоа што ќе опфатат и малку помлада популација, односно основци – ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение. Бијелиќ смета дека медиумската писменост е особено важна и треба да најде повеќе место во формалното образование во училиштата.

Лилјана Танчева од НВО „Мултус“ Гевгелија посочува дека поттикнувањето на критичкото размислување е значајно за младите лица, меѓу другото, и поради тоа што се постојано „закачени“ на интернет и „бомбардирани“ со мноштво информации. Таа укажува дека проектни активности од ваков тип се корисни за да се предупредат тинејџерите да внимаваат на „фишинг“ – измами на социјалните медиуми. Танчева има впечаток дека младите сакаат нешто повеќе и различно од класичната едукација, па бараат малку понеформални методи во пренесувањето на знаењата и вештините.

 

 

Едукација за критичко размислување

Постои голема пропорционална врска меѓу степенот на образованост и склоноста некритички да се примаат разни информации на кои сме изложени во секојдневието. Образованието и медиумите имаат важна улога во справувањето со дезинфромациите и теориите на заговор

 

Од Бирото за развој на образованието велат дека критичкото мислење ќе им овозможи на учениците самостојно да ги обработуваат информациите и да изведуваат исправни заклучоци, да не подлегнуваат на притисоци и да донесуваат поодговорни одлуки. Оттаму посочуваат дека критичкото размислување се обезбедува преку новите стратегии и пристапи во наставата – пред сѐ, преку ставање на учениците во проблемски ситуации, искуствено и проектно учење. Исто така, медиумската писменост е тема што е вградена во наставната програма по мајчин јазик уште од прво оддление и спирално се надградува до деветто одделение во основното образование

Со новите наставни програми се обезбедуба наставата да се ориентира кон продлабочено и смислено учење базирано на критичко мислење и логичко заклучување. Таквото учење бара осмислување и поврзување на информациите и решавање проблеми наместо помнење факти, кои во современи услови не само што се лесно достапни, туку и се подложни на манипулација. Развивањето на критичкото мислење на способноста да се провери секоја информација, да се стави во вистински контекст и значење е едиствениот начин преку кој ќе се оспособат нашите ученици да се справуваат со лажните вести и дезинформациите, велат од Бирото за развој на образованието.

 

 

Фондацијата „Метаморфозис“ преку проектот „Критинк“ се бори против дезинформациите, спиновите и манипулативните наративи во политичкиот дискурс преку точно разработена методологија. Филип Стојановски, раководите на проектот „Критинк“, смета дека медиумите имаат голема можност да придонесат за развој на критичкото мислење со вградување и ширење на содржини од овој тип во својата секојдневна работа.

Тоа, пред сѐ, е важно од аспект на провеРка на факти, за да може да се пренесат јасни и точни информации врз база на кои потоа се носат одлуки, вели Стојановски.

Истовремено напоменува дека е значајна и едукативната улога на медиумите – документарни програми, квизови, забавни емисии. Но, како што потенцира Стојановски, иако образовната е една од основните компоненти на медиумскиот концепт, во последните децении таа е целосно зборавена.

 

КАКО СЕ МАНИПУЛИРА СО МИСЛЕЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ?

Теориите на заговор се многу блиску до некритичкото мислење. Но, интерено е што многу од луѓето што имаат склоност кон верување во теории на заговор се сметаат за критички мислители, мислители што имаат повисоко ниво на сомнеж, иако фактички во основа тоа е една нагласена скептичност. Самите теории на заговор се интересни компензаторни механизми, се активираат во период кога луѓето се соочени со појави врз коишто немаат контрола и, се разбира, во оваа пандемиска ситуација тие секогаш гравитираат околу ковид. Значи тие се еден вид антибајки за возрасни, затоа што ги има тие елементи на црно-бел свет во којшто другите се здружени против поединецот којшто има склоност да верува во теории на заговор…,  вели Билјана Ѓонеска, научна соработничка вработна во МАНУ.

Таа појаснува дека треба да се прави разлика дали еден исказ е обичен или сам по себе претставува теорија на заговор.

За Пример да го земеме исказот: вирусот Сарс Ков 2 е произведен во лаборраторија. Сам по себе тој не значи ништо. Ако се додаде дека го произвеле во лабораторија некои научници со цел да се направат некакви штети на населението, да се намали бројот на населението, тоа е веќе елемент на теорија на заговор. Затоа што теоријата на заговор секогаш претполага дека некоја група поединци, моќници се состануваат во тајност и секогаш е тоа со некаква негативна намера, цел да му се наштети на поединецот

Ако се каже експертите велат дека вирусот Сарс Ков 2 е произведен во лаборраторија. Тоа е еден вид повикување на авторитети. Не е наведено кои се експертите, кога е тоа кажано, во каква прилика…. Има многу елементи кои дозволуваат оваа изјава да се расчлени и укажуваат дали ние критички сме ја примиле, додава ЃонескА.

Според неа, постои голема пропорционална врска меѓу степенот на образованост и склоноста некритички да се примаат разни информации на кои сме изложени во секојдневието. Таа истакнува дека образованието и медиумите имаат важна улога во справувањето со дезинформациите и теориите на заговор.

 

 

Поттикнувањето на критичкото мислење – една од најсилните алатки во борбата против дезинформациите

Поттикнувањето на критичкото размислување е значајно за младите лица кои се постојано „закачени“ на интернет и „бомбардирани“ со мноштво информации. Теориите на заговор се многу блиску до некритичкото мислење. Но, интересно е што многу од луѓето што имаат склоност кон верување во теории на заговор се сметаат за критички мислители кои имаат повисоко ниво на сомнеж, иако во основа тоа е една нагласена скептичност. Анализата на дезинформациите поврзани со ковид-19 во Северна Македонија објавена од фондациите „Фридрих Науман“ и „Метаморфозис“ покажа дека е неопходно да се гради култура на критичко мислење и општествен дијалог на сите нивоа. Анализата спроведена на 479 антидезинформациски написи покажа дека 1/3 е верзија што кружи низ целиот свет со главно потекло од САД, Русија и Кина. За жал, медицинските власти често посочуваат дека фактор за смртноста од ковид-19 е што дел од пациентите предоцна бараат медицинска помош, зашто претходно губеле време со алтернативни пристапи

 

 

Младиот Давид Георгиевски мислел дека може многу лесно да ги препознае лажните вести, но самиот се изненадил кога неодамна увидел дека не било баш така. „Научив многу нови работи за дезинформации и за лажни профили, што за мене беше голем предизвик“, вели тој споделувајќи ги своите впечатоци од учеството во проектните активности за медиумска писменост, организирани од НВО „Центар за аудио и аудио-визуелни уметности Крива Паланка“, а во рамките на проектот „Критинк“. Жаклина Цветковска од оваа граѓанска организација вели дека треба да има повеќе вакви едукативни работилници на кои младите би биле интерактивно вклучени на теми поврзни со критичка опсервација на информациите, особно на оние што се шират на интернет.

Да научи да разликува точна и релевантна информација од лажна вест било вистински предизвик и за Бојан Радески кога работел на темата: „Читај вниматело, анализирај паметно“. Тој  со група млади луѓе бил вклучен во едукативниот проект на НВО „Медиум“ Гостивар. Аделина Рамадани од оваа невладина организација потенцира дека критичкото размислување е битно за да се спречи одредена манипулација и донесување погрешни заклучоци. Рамадани истакнува дека нивните анализи на терен покажале оти постои широко распространета медиумска неписменост, особено во руралните средини, изразена меѓу младите и маргинализираните групи.

Според Бисера Бијелиќ од НВО „Ганимед,“ Битола, учениците се желни за неформално образование.

Тие сакаат да излезат од училишните клупи и да научат нешто надвор од нив, вели таа.

Притоа додава дека доколку имаат можност, би го прошириле овој проект со тоа што ќе опфатат и малку помлада популација, односно основци – ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение. Бијелиќ смета дека медиумската писменост е особено важна и треба да најде повеќе место во формалното образование во училиштата.

Лилјана Танчева од НВО „Мултус“ Гевгелија посочува дека поттикнувањето на критичкото размислување е значајно за младите лица, меѓу другото и поради тоа што се постојано „закачени“ на интернет и „бомбардирани“ со мноштво информации. Таа укажува дека проектни активности од ваков тип се корисни за да се предупредат тинејџерите да внимаваат на „фишинг“ – измами на социјалните медиуми. Танчева има впечаток дека младите сакаат нешто повеќе и различно од класичната едукација, па бараат малку понеформални методи во пренесувањето на знаењата и вештините.

 

КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ ОД МАЛИ НОЗЕ

Од Бирото за развој на образованието велат дека критичкото мислење ќе им овозможи на учениците самостојно да ги обработуваат информациите и да изведуваат исправни заклучоци, да не подлегнуваат на притисоци и да донесуваат поодговорни одлуки. Оттаму посочуваат дека критичкото размислување се обезбедува преку новите стратегии и пристапи во наставата – пред сѐ, преку ставање на учениците во проблемски ситуации, искуствено и проектно учење. Исто така, медиумската писменост е тема што е вградена во наставната програма по мајчин јазик уште од прво одделение и спирално се надградува до деветто одделение во основното образование.

Со новите наставни програми се обезбедуба наставата да се ориентира кон продлабочено и смислено учење базирано на критичко мислење и логичко заклучување. Таквото учење бара осмислување и поврзување на информациите и решавање проблеми наместо помнење факти, кои во современи услови не само што се лесно достапни, туку и се подложни на манипулација. Развивањето на критичко мислење на способноста да се провери секоја информација, да се стави во вистински контекст и значење е единствениот начин, преку кој ќе се оспособат нашите ученици да се справуваат со лажните вести и дезинформациите, велат од Бирото за развој на образованието.

Фондацијата „Метаморфозис“ преку проектот „Критинк“ се бори против дезинформациите, спиновите  и манипулативните наративи во политичкиот дискурс преку точно разработена методологија. Филип Стојановски, раководител на проектот „Критинк“, смета дека медиумите имаат голема можност да придонесат кон развој на критичкото мислење со вградување и ширење содржини од овој тип во нивната секојдневна работа.

Тоа, пред сѐ, е важно од аспект на проврека на факти, за да може да се пренесат јасни и точни информации врз база на кои потоа се носат одлуки, вели Стојановски.

Истовремено напоменува дека е значајна и едукативната улога на медиумите – документарни програми, квизови, забавни емисии. Но, како што потенцира Стојановски, иако образовната е една од основните компоненти на медиумскиот концепт, во последните децении таа е целосно заборавена.

 

КАКО СЕ МАНИПУЛИРА СО МИСЛЕЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ?

Теориите на заговор се многу блиску до некритичкото мислење. Но, интересно е што многу од луѓето што имаат склоност кон верување во теории на заговор се сметаат за критички мислители, мислители што имаат повисоко ниво на сомнеж, иако фактички во основа тоа е една нагласена скептичност. Самите теории на заговор се интересни компензаторни механизми, се активираат во период кога луѓето се соочени со појави врз коишто немаат контрола и се разбира во оваа пандемиска ситуација тие секогаш гравитираат околу ковид. Значи тие се еден вид како антибајки за возрасни, затоа што ги има тие елементи на црно-бел свет во којшто другите се здружени против поединецот којшто има склоност да верува во теории на заговор…,  вели Билјана Ѓонеска, научна соработничка вработна во МАНУ.

Таа појаснува дека треба да се прави разлика дали еден исказ е обичен или сам по себе претставува теорија на заговор.

КАКО Пример да го земеме исказот: вирусот Сарс Ков 2 е произведен во лаборраторија. Сам по себе тој не значи ништо. Ако се додаде дека го произвеле во лабораторија некои научници со цел да се направат некакви штети на населението, да се намали бројот на населението, тоа е веќе елемент на теорија на заговор. Затоа што теоријата на заговор секогаш претполага дека некоја група поединци, моќници се состануваат во тајност и секогаш е тоа со некаква негативна намера цел да се наштети на поединецот

Ако се каже експертите велат дека вирусот Сарс Ков 2 е произведен во лабораторија. Тоа е еден вид повикување на авторитети. Не е наведено кои се експертите, кога е тоа кажано, во каква прилика… Има многу елементи што дозволуваат оваа изјава да се расчлени и укажуваат дали ние критички сме ја примиле, додава Ѓонеска.

Според неа постои голема пропорционална врска меѓу степенот на образованост и склоноста некритички да се примаат разни информации на кои сме изложени во секојдневието. Таа истакнува дека образованието и медиумите имаат важна улога во справувањето со дезинформациите и теориите на заговор.

 

ПАНДЕМИЈА НА КОВИД-ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Истовремено со појавата на пандемијата со корона-вирусот, почнаа да се шират и дезинформациите поврзни со ковид-19. Поради недоволно јасните и некохерентни информации од СЗО и затвореноста на Кина на почетокот на пандемијата, луѓето најпрво почнаа да се сомневаат дали вирусот воопшто постои. Потоа сметаа дека постои, но не е опасен, па дека не треба да се носат маски и дека со ПЦР-тестот се оштетува мембраната на мозокот или се спроведува контрола врз населението. Се ширеа и штетни информации дека алкохолот го уништува вирусот, дека тоа е обична настинка, но и дека јадењето лук ќе ве спаси од инфекција. Сите овие тврдења СЗО ги демантираше.

Сепак, по една и пол година дезинформациите не престануваат. Светот се вакцинира под силен притисок на антивакцинална кампања, а која е штетна и не се базира на медицински докажани тврдења. Лажно се посочува дека во вакцините има чипови, дека тие ја менуваат човековата ДНК, предизвикуваат неплодност и голем број други лаги чија основна цел е да предизвикаат сомнеж во вакцината.

Фондацијата „Метаморфозис“ преку проектот „Критинк“ во текот на целата пандемија ги следеше дезинформациите и ги разобличуваше со цел на граѓаните да им понуди релевантни факти за да не потпаднат под опасната пропаганда. Застапени беа дезинформации за самиот вирус, болеста ковид-19, но и антивакцинални наративи, кои поттикнуваат сомнежи и ги тераат луѓето да не се вакцинираат.

Владимир Петрески, уредник на „Критинк“ и на „Вистиномер“, вели дека и по една и пол година од пандемијата бројот на дезинформации не се намалува.

Тоа што е зачудувачки е што нивото на дезинформации за ковид-19 сѐ уште е големо и имаме појава на репетиција на дезинформации. Значи имаме ситуација на дезинформации кои се веќе разобличени и нонстоп се повторуваат. Но, исто како што тие што шират дезинформации знаат да ги повторуваат лагите, ние, исто така, ја повторуваме вистината во надеж дека таа ќе стигне до што е можно повеќе луѓе, истакнува Петрески

Д-р Адхурим Фазлиу, од ЈЗУ Здравствен дом Скопје и член на Здружение на лекари специјализанти, вели дека во текот на пандемијата се појавија многу видови дезинформации кои беа пласирани од разни медиуми, но и од самите пациенти. Како вработен во Службата за брза помош, тој наидувал на граѓани што ги прикриваат вистинските симптоми.

При јавување во Брза помош кажуваа дека имаат други симптоми, а кога ќе се сретнат екипите на Брзата помош со пациентите нидуваа на сосема поинаква фактичка состојба – пациентите кријат дека одредено време имаат температура и други симптоми како кашлица, омалаксаност, исцрпеност…, посочува Фазлиу.

Анализата на дезинформациите поврзани со ковид-19 во Северна Македонија на Фондацијата „Фридрих Науман“ и „Метаморфозис“ покажа дека е неопходно да се гради култура на критичко мислење и општествен дијалог на сите нивоа. Анализата спроведена на 479 антидезинформациски написи покажа дека 1/3 е верзија што кружи низ целиот свет со главно потекло од САД, Русија и Кина. За жал, медицинските власти често посочуваат дека фактор за смртност е што дел од пациентите предоцна бараат медицинска помош, зашто претходно губеле време со алтернативни пристапи како инхалации, горење темјан, пиење алкохол или гаргара со солена вода, лук или кромид, јадење зеленчуци и тревки.

 

 

 

 

 

 

Не е точно дека „Заев е исклучен од протоколот (на Меркел) за директна средба“

Не е точно дека Заев бил исфрлен од протоколот на Меркел и оти Македонија е понижена и исклучена од иницијативата „Отворен Балкан“ и од процесот за интеграција во Европска Унија

 

 

Објава на „Фејсбук“ еуфорично и бомбастично најавува „скандал“ и (дез)информира дека македонскиот премиер бил исклучен од протоколот на германската канцеларка, Ангела Меркел. Постот е доста вирален и споделуван.

Постот е придружен со текст во кој се изнесени низа дезинформации поврзани со посетата на Меркел на Албанија и нејзината проштална средба со лидерите од Западен Балкан.

После промоцијата на т.н. Отворен Балкан од страна на тројцата балкански политичари, Вучиќ, Рама и Заев како придружба, на своја рака, без согласност од ЕУ, Меркел доаѓа да ја пренесе клучната порака до двајцата од нив, бидејќи Заев е исклучен од протокол за дирекна средба. Пораката е Отворен Балкан може да биде само регионална форма на соработка исклучиво во рамки на т.н. Берлински процес за интеграција на балканските земји во ЕУ. Се надвор од тоа не е дозволено, се вели на почетокот од написот.

Подолу се коментира дека Македонија „е целосно понижена и исклучена дури и од Отворен Балкан“, дека „Македонија после 30 години лидер на Балканот, спуштена е на ниво на измеќарка на Србија и Албанија, а тоа е резултат на политиката на Заев“.

Од сега Европа, а особено Берлин ќе разговараат со двете носечки земји во тој процес Србија и Албанија, а ДРУГИТЕ четири Македонија, Косово, Црна Гора и Босна само ќе ги следат чекорите. Македонија е целосно понижена и исклучена дури и од Отворен Балкан. Заев е исклучен од протоколот за дирекТни средби со Германската канцеларка Меркел, иако во минатото секогаш македонските премиери биле на дирекни средби со германските канцелари. Заев е планиран на заедничка средба со претставници на Косово, Црна Гора и Босна, како измеќарки на големите Србија и Албанија. Македонија после 30 години лидер на Балканот, спуштена е на ниво на измеќарка на Србија и Албанија. Тоа е резултатот од надворешната политика на македонската Влада на Зоран Заев!, се додава во написот.

Не е точно дека Меркел намерно не дошла во Македонија на проштална средба и дека го исфрлила премиерот Заев од протоколот. Таа замина во Албанија на проштална средба со сите лидери на Западен Балкан со кои, според најавите, имаше една заедничка средба, а беа предвидени и поединечни средби. На средбата со шестемина лидери Меркел истакна дека нејзина желба била да ги посети сите земји, но тоа било невозможно, бидејќи за тоа се потребни 4-5 дена и му се заблагодари на премиерот Еди Рама за организирањето на оваа средба во Тирана.

Македонската владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а во која беа и вицепремиерот Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, замина за Тирана токму на покана на германската канцеларка. Покрај нашата, во Тирана беа и делегации од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Меркел ќе има работен ручек со лидерите од Западен Балкан, а попладне и билатерални средби, најавија од Владата.

На билатералната средба со канцеларката Меркел, како што се наведува во официјалното соопштение на Владата, премиерот Заев ги изнел позициите на Република Северна Македонија во однос на потребата за забрзување на евроинтеграциските процеси и за што побрзо решавање на проблемот што го наметна соседна Бугарија.

Премиерот Заев нагласи дека единствен прифатлив предлог за нашата земја за надминување на блокадата на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е предлогот претставен за време на претседателството на Португалија со ЕУ, со кој се почитуваат заложбите и на двете страни за унапредување на меѓусебните односи и за евроинтегративните процеси во регионот, стои во соопштението.

Премиерот Заев, исто така, се осврнал на иницијативата „Отворен Балкан“, која се темели токму на принципите на функционирање на Европската Унија.

Канцеларката Меркел се согласила со владината делегација дека ЕУ-интеграцијата и на Северна Македонија и на регионот не смее да продолжи да се одложува и дека постојаниот напредок е нотиран од страна на сите релевантни европски институции и меѓународни партнери на државата, додаваат од Владата.

Што се однесува до иницијативата „Отворен Балкан“ премиерот на Албанија, Еди Рама, и германската канцеларка Ангела Меркел, на заедничката прес-конференција во Тирана, изнесоа заедничка оценка дека Берлинскиот процес не може да се замени со нови иницијативи што се појавуваат и се иницираат со текот на времето. Според нив, „Отворен Балкан“ не е иницијатива што се стреми да се натпреварува со Берлинскиот процес, туку е алатка на регионот за спроведување на Берлинскиот процес.

Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме шири дезинформации оти Заев бил исфрлен од протоколот на Меркел и дека Македонија е понижена и исклучена од иницијативата „Отворен Балкан“ и од процесот за интеграција во Европска Унија.

 

Онлајн ресурсниот центар за медиумска писменост и критичко мислење „Критинк“ служи како јавна архива на едукативни и информативни содржини објавени од „Метаморфозис“ и од други проекти и организации, особено за членките на Мрежата за медиумска писменост. Овој напис е првобитно објавен од сервисот за проверка на факти „Вистиномер“ и е преземен со дозвола на издавачот под условите на лиценцата Криејтив комонс–наведи извор-без изведени дела.