Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Проверка на факти

Морбидна манипулација е дека кралицата Елизабета пие детска крв за својата виталност

Кога ќе се погледне веста на која се повикува оваа фејсбук-објава, евидентно е дека во неа не постои измислената информација оти кралицата Елизабета, наводно, секој ден консумира аденохром, односно крв од деца. Таква информација...

Не, СЗО не го промени ставот за заштитните маски

Светската здравствена организација не го променила својот став во однос на маските, како што лажно тврди оваа објава на „Фејсбук“. СЗО и натаму ги препорачува како една од основните заштити од пренесувањето на корона-вирусот....

Сцена од видеоспот за рап-песна злоупотребена за манипулација дека ковид-19 е измама

Фотографијата што се споделува во оваа објава на „Фејсбук“, всушност, е извадена од видеоспот на рап-песна објавена во септември 2020 година. Таа не е на ниеден начин поврзана со ковид-19 пандемијата, ниту, пак, со...

Не е точно дека вакцината на „Фајзер“ ја зголемила смртноста во Израел

Објава на социјалната мрежа  Фејсбук ја манипулира јавноста дека вакцината против ковид-19 во Израел ја зголемила стапката на смртност, односно дека смртноста од вакцината кај постарите луѓе е за 40 пати повисока од смртноста од коронавирусот, а кај младите е зголемена дури за 260 пати. Наводите изнесени во овој пост се извадени од текст на сајтот LifeSiteNews, којшто е линкуван во објавата. Од официјалните извештаи на израелското министерство за здравство, како и од изјавите на израелските функционери за ефикасноста на вакцината против ковид-19 и нејзиното влијание врз намалувањето на смртноста од коронавирусот, произлегува дека наводите изнесени во текстот се неточни

„Фајзер“ и „Бионтек“ не почнале да ја произведуваат вакцината против ковид-19 уште пред пандемијата

На 17 март 2020 година, „Фајзер“ и „Бионтек“ првпат се здружуваат за да создадат потенцијална ковид-вакцина, а не пред да почне пандемијата, како што лажно се тврди во постот што го рецензираме. На официјалната...