[Рецензија: ХИТЛЕР И ГЕБЕЛС ВОСКРЕСНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Разрешена министерката Рашела Мизрахи!]
Текстот што го рецензираме говори за непостоен антисемитизам и, згора на сè, го поврзува со разрешувањето на доскорешната техничка министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Ставањето на двете работи во ист контекст го прави овој текст спинерски и проблематичен.
Рашела Мизрахи не беше разрешена зашто е Еврејка, односно поради нејзината верска или национална припадност. Таа не беше разрешена поради нешто што некој го напишал на „Твитер“ или на „Фејсбук“, а уште помалку поради антисемитизам. Мизрахи и официјално е разрешена поради упорното и репетитивно непочитување на Уставот и законите, поради што и Грција испрати вербална нота за непочитување на меѓународен договор (Договорот од Преспа).
Линк до оригиналниот напис: ХИТЛЕР И ГЕБЕЛС ВОСКРЕСНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Разрешена министерката Рашела Мизрахи!
Датум и време на објавување: 15.2.2020, 5:11
Датум на рецензирање: 17.2.2020
Рецензент: Мирослава Бурнс
Никаде во барањето за разрешување на Мизрахи не стои дека е разрешена затоа што е Еврејка или од која било друга причина изнесена во текстот.
Насловот „Хитлер и Гебелс воскреснаа во Македонија, разрешена министерката Рашела Мизрахи“ наведува на тоа дека самото разрешување има врска со етничката припадност на поранешната техничка министерка, односно со фактот што таа е Еврејка, што не е точно. Двата аспекта се неповрзани. Целото разрешување има врска со неупотребувањето на уставното име на таблата во салата за прес-конференции во Министерството за труд и социјала.
Споредбите, пак, со Гебелс и Хитлер се смешни. Гебелс и Хитлер никого не „разрешуваа” по демократски пат, со гласање во германскиот Бундестаг, туку на еден комплетно поинаков начин, кој во светски историски рамки претставува пример за нечовечност и симбол за суровост.
(Вториот дел од рецензијата можете да го најдете овде)