Веројатно сте слушнале и сте прочитале многу за мрежата 5G последниве недели. Меѓу многуте теории на заговор кои беа раширени за време на изолацијата заради коронавирусот (карантинот, полицискиот час), беше и онаа за неговата наводна поврзаност со инсталацијата на 5Г мрежата.
Што е 5G?
Не сите читатели се експерти за технологија и инженери за технолошка опрема за да разберат што е 5Г мрежа. Најверојатно, деталите не ги знаат ниту новинарите, така што надлежните треба да зборуваат за тоа и да го објаснат добро пред јавноста. Според „Википедија“, мрежата 5Г е петта генерација на мобилната мрежа. Тој е нов глобален стандард на фреквенции по развојот во фази од 1Г, 2Г, 3Г и 4Г. Како резултат на тоа, неговите фреквенции се посилни и мрежната врска е побрза. Фреквенцискиот спектар од 5Г е поделен на милиметарски бранови, со среден и низок опсег. Опсегот е краток, па затоа се потребни повеќе антени. Милиметарските бранови имаат потешкотии да минуваат низ sидовите така што внатрешното покривање е ограничено.
Во Северна Македонија сè уште нема 5Г мрежа
Во најразвиените земји во светот, првите тестови на 5Г мрежата се направени порано и во некои од нив се очекува целосното покривање да биде завршено до крајот на 2020 година. Во САД, на пример, од почетокот на 2019 година е пуштена во употреба 5Г мрежата со неколку видови на бранови.
Во октомври 2019 година мобилниот оператор А1 и во ноември 2019 година „Македонски Телеком“, ја тестираа првата 5Г мрежа во центарот на Скопје. Дополнителни тестови треба да бидат извршени во текот на оваа година и врз основа на нивните резултати, најавено е дека мрежата ќе биде пуштена во употреба. Целта е целосно покривање да се постигне до 2023 година.
5G и (не)поврзаноста со коронавирусот
Не можеме со сигурност да ја откриеме генезата на првите информации кои ја направиле врската помеѓу коронавирусот и 5Г мрежата. Светските медиуми јавуваат дека таквото поврзување започнало од јануари, кога загриженоста од „Ковид-19“ започнала да достигнува глобални размери. Некои сугерираат дека COVID-19 бил измислен за да служи како покритие за здравствените последици од 5Г технологијата. Според оваа теорија, симптомите на вирусот: висока температура, кашлица и отежнато дишење, се всушност реакција на човечкото тело од изложеност на 5Г бранови. Друга теорија сугерира дека 5Г мрежата го ослабнува имунолошкиот систем, а трета вели дека вирусот користи мрежни бранови за да избере жртви, со што се забрзува неговото ширење. Ваквите теории се прифатени со скептицизам од експертите, кои посочуваат дека случаи на коронавирус се идентификуваат во многу земји каде сè уште нема 5Г мрежа. Што велат експертите?
Идејата дека 5Г го ослабува системот нема основа. Човечкиот имунолошки систем може да биде ослабен од многу работи, од заморен ден до лоша диетална исхрана. Овие работи, колку и да се мали, поголема е веројатноста да го фатите вирусот. Магнетните бранови можат да ја нарушат човековата физиологија кога се загреваат, што значи дека имунолошкиот систем не може да функционира. Но, нивото на енергија од 5Г брановите е прилично мал и се смета дека е невозможно да се влијае на имунолошкиот систем. Имаше многу студии за ова, изјави Симон Кларк, доктор по молекуларна биологија, за Би-Би-Си.
Каде спаѓа 5Г во електромагнетскиот спектар
нејонизирачко зрачење јонизирачко зрачење
ниска фреквенција висока фреквенција
Масовното ширење на информации за поврзаноста помеѓу инсталацијата на 5Г мрежата и коронавирусот достигна алармантни размери. Тие, исто така, поттикнаа и конкретни активности со вандалски напади. Како резултат на овие теории на заговор, во Велика Британија, во градовите Белфаст, Ливерпул, Бирмингем беа пријавени десетици случаи на акти на насилство, имено, палење на антените на мобилните компании, како знак на протест против 5Г технологијата.
– Birmingham 5G mast goes up in flames in ‘likely’ arson attack
– Telecom masts set alight as social media fuels the flames of 5G virus conspiracy
Во заедничка изјава, мобилните компании во Велика Британија, „БТ Груп“, „Телефоника“, „О2“, „Водафон“ и „Три“, во сопственост на „ЦК Хачисон Холдингс“ (CKHUY), велат дека тврдењата за 5Г во никој случај не се поврзани со пандемијата.
Не само што овие тврдења се неосновани, тие се штетни за луѓето и деловните субјекти кои се потпираат на континуитетот на нашите услуги. Тие исто така ги злоупотребија нашите инженери и, во некои случаи, спречија основно одржување на мрежата, рекоа мобилните оператори.
Социјалните мрежи ги забранија лажните вести што ја поврзуваат 5Г технологијата со коронавирусот
Социјалната мрежа „Фејсбук“ активно ги контролира групите на кои се шират овие информации и покрај тоа што ги спроведува своите политики за борба против лажни вести, таа постапила и во согласност со своите политики против насилството.
Фејсбук ги блокираше две анти-5Г групи во текот на викендот, откако членовите го охрабрија уништувањето на мобилните телефонски станици во спротивност на политиките на мрежата за промовирање на насилство. Членовите на групата, исто така, промовираа дезинформации што ја поврзува 5Г со појавата на коронавирусот.
Групата Стоп 5Г собра околу 60.000 членови и првично започна како група која беше загрижена за најбрзата мобилна мрежа. Друга група, „Уништи 5Г спаси ги нашите деца“, имаше повеќе од 2.500 членови и исто така беше отстранета. – пишува Businessinsider.com.
Членовите на овие групи славеа и промовираа акти на вандализам на 5Г антени и станици во Велика Британија. Меѓу нив имаше дури и отворени дискусии за планови за други слични напади.
Би-Би-Си објави дека „Јутјуб“ ги блокира сите видеа со теории на заговор кои лажно ги поврзаа симптомите на коронавирусот со 5Г мрежата. Одлуката е донесена по директно интервју со теоретичарот на заговор Дејвид Ике, во кое тој ја поврзува технологијата со пандемијата. Од „Јутјуб“ соопштија дека видеото ќе биде избришано.
За време на интервјуто, г-дин Ике лажно тврдеше дека „постои врска помеѓу 5Г и оваа здравствена криза.
И на прашањето за неговиот одговор за пожарите на 5Г антени во Англија и Северна Ирска, тој одговори: „Ако 5Г продолжи и стигне таму каде што сакаат да ја одведат, човечкиот живот како што го познаваме е готов… така што луѓето треба да донесат одлука – пишува Би-Би-Си.
Многу корисници, коментирајќи го ова интервју, повикаа на повеќе напади на 5Г станиците. Од слични теории на заговор произлегува врската помеѓу теоријата на „микрочип” во човечките тела за нивно контролирање и теориите што го поврзуваат Бил Гејтс (основач на “Мајкрософт”) со сите овие. За овие теории исто така се говори во споменатото интервју.
Г. Ике, исто така, тврдеше дека вакцината за коронавирусот , кога ќе се создаде, ќе вклучува „микрочипови на нанотехнологија“ што ќе им овозможи на луѓето да бидат контролирани. Тој додаде дека Бил Гејтс, кој помага во финансирање на фондот за истражување на вакцините „Ковид-19“, треба да оди во затвор – пишува Би-Би-Си.
Информирањето кај нас
Кај нас се објавени некои содржини кои најдоа поврзаност помеѓу состојбата создадена со коронавирусот, решенија за масовна изолација на граѓаните и инсталирањето на 5Гмрежата, заедно со „негативните феномени“ или „последиците“ за кои се шпекулира дека ги носи оваа мрежа. Притоа се тврди дека на некои локации се инсталирани 5Г мрежни антени и дек тие имаат влијание врз смртта на живите суштества. Во некои други написи се тврди дека полицискиот час, што претставува забрана за движење на граѓаните во одредени периоди, се применува токму така што операторите можат тајно да монтираат антени на 5Г мрежата.
Еве неколку примери:
– Македонија / А1 започна со инсталација на 5G антени! Владо не уништивте!
– За време на полицискиот час, поставени се антени кај селото Боговиње (Тетово)!
– Птиците пцовисаа од мрежата 5G велат граѓани!
„Обвинувањата по овој основ не се поврзани со активностите околу 5Г мрежата, затоа што фреквенциите за употреба на 5Г услуги сè уште не се распределени од Агенцијата за електронски комуникации“, рекоа од А1, во одговор објавен на „Критинк“.
Засега, нема докази дека споменатите теории се реални, дека се поврзани едни со други, или дека тие се причина за светската пандемиска криза. Сè додека операторите признаваат дека работат на инсталација на 5Г мрежата, нема смисла да се мисли дека тоа се правело во тајност за време на полицискиот час. Нема индикации или студија дека птиците пцовисале како резултат на 5Г „штетните бранови“ кои, всушност, сè уште не се применуваат кај нас. Нема докази дека светот морал да го измисли коронавирусот за да ги покрие „последиците од 5Г мрежата“ врз здравјето на луѓето и другите живи суштества. Така што, според тековните студии, 5Г мрежата и коронавирусот немаат ништо заедничко.
Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.