Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink
Home Blog Page 282

Суфицит аналитичари – дефицит политички анализи!

Овој едукативен напис е првобитно објавен од Сервисот за проверка на факти од медиумите и КриТинк го реобјавува во функција на информирање на јавноста за теми поврзани со медиумската писменост и критичкото мислење. 

Политички аналитичар денес се нарекува секој што излегува на телевизија, на информативни изданија или политичкити дебати. Но, јавноста треба да разликува што и кој може да се нарече политички аналитичар, колумнист, експерт, универзитетски професор, итн.

Пишува: Сефер ТАХИРИ

„По завршување на мандатот како заменик-министер за внатрешни работи, ќе можеме да ве користиме како политички аналитичар“. Со овие зборови еден новинар од провладината ТВ „Нова“, му се обрати на поранешниот заменик-министер во МВР од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Андонов. Но, дали Андонов е  политички аналитичар? Секако дека не, и поради неговата партиска припадност и поради тоа што не е политички аналитичар што објавува објективни политички анализи!

Деновиве напишав дека политички аналитичар не може да биде некој што не пишува политички анализи, како што не може да биде рудар некој што не работи во рудник. Но, и покрај фактот што во медиумските содржини можеме да прочитаме многу малку политички анализи, медиумскиот простор е преплавен со поединци кои се самопрогласуваат или се претставени од медиумите како политички аналитичари!?

УЗУРПАЦИЈА НА МЕДИУМСКИОТ ПРОСТОР

Политичките дебати се узурпирани од овие личности што се нарекуваат аналитичари. Често се случува истите, во иста вечер да ги видиме во две различни студија. Во текот на неделата тие „шетаат“ од едно студио во друго, изразувајќи ги повеќе  нивните ставови, често изразени и со партиско-политичко навивање, отколку што прават вистинска анализа. Имаме вишок на аналитичари и дефицит на политички анализи.

Дебатите вријат од „аналитичари“, а политичарите во повеќето случаи молчат. Партиите на власт, пак, особено ВМРО-ДПМНЕ, ги селектираат студијата каде што ќе учествуваат нивните претставници. Иако логиката на „четвртата власт“, како коректор на трите други власти, вели дека во медиумите повеќе одговори (и отчет), треба да даваат политичарите, отколку аналитичарите! Ова го подразбира и тоа што медиумскиот простор не смеат да го доминираат аналитичарите, туку треба да има балансиран однос на просторот и на вниманието што го добиваат политичарите!

Сепак, не треба да се заборави дека аналитичарите и колумнистите, исто како и политичарите, имаат јавна одговорност за кажаниот и за дадениот збор.

Разликата е во тоа што политичарите оваа одговорност ја земаат од граѓаните и потоа за тоа земаат плата и имаат големи привилегии, додека колумнистите и аналитичарите не се платени од јавни пари за нивните анализи и колумни (со исклучок на прорежимските медиумски „платеници“, ако постојат такви).

Затоа, сосема е бесмислено и нерационално да се осудуваат или да се предрасудуваат ставовите на аналитичарите, затоа што често слушаме такви анахронизми. За крај, како што би рекол аналитичарот Џелал Незири, „виновни за состојбата ќе бидат прогласени аналитичарите“. Нешто што нема смисла! Значи, аналитичарите имаат одговорност, но не може од нив да се бара отчет за анализите или колумните што ги објавуваат.

Политички аналитичар денес се нарекува секој што излегува на телевизија, на информативни изданија или политичкити дебати. Како што би се изјаснил професорот по социологија во ЈИЕУ, Али Пајазити, „веќе некое време една фреквентна социјална категорија во медиумите нè соочува со една многу актуелна синтагма, ‘политички аналитичар’, што во суштина е глобално институционализиран израз, но во нашите услови многумина ги иритира, што понекогаш те остава без зборови, а понекогаш те тера да ги отвориш очите, да ги триеш и да речеш: Ауу, од каде излезе овој сега, од кога стана аналитичар и кои анализи ги направи, колку текстови, книги, или барем колку колумни има во оваа област?“.

Медиумите, честопати, обидувајќи се да прават политички баланс, влегуваат во друга стапица, која е камуфлирање на некои познати поединци од јавната сцена зад терминот „политички аналитичар“, кога всушност станува збор за искусни пропагандисти за партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ. Честопати, медиумите, особено тие визуелните, стануваат заложници на лажните научни власти, бидејќи истите имиња ги употребуваат за повеќе теми, прашања или разни феномени.

„СЀОЛОГ“

Често во јавниот дискурс можеме да го слушнеме и терминот „сèолози“, модерна верзија на терминот „сезнајко“. Затоа, медиумите и новинарите треба да внимаваат кого канат на политичките дебати, бидејќи само името и презимето на еден поединец не треба да бидат доволни за да се одреди релевантноста на изворот, туку ова треба да се прави проценувајќи ја тежината и основајќи се на точноста на информациите, со кои оперираат, аргументите што тие ги откриваат на дебати, објективноста на политичката анализа, колку оваа нивна анализа кореспондира со јавниот интерес или колку е во функција на јавната агенда и така натаму.

Треба да се избегнуваат дебатите подготвени со инерција, на бурен начин, користејќи ги изворите со кои новинарите имаат пријателски односи, бидејќи медиумите имаат цел да постават пред јавноста плурализам на аналитичари и на колумнисти, но и разновидност на ставови или аналитички ставови што тие ги покажуваат. Само на овој начин, аналитичарите и колумнистите нема да станат здодевни за јавноста, бидејќи често може да се слушнат граѓани кои велат дека „во медиумите се вртат 10 до 15 лица и сега веќе знаеме однапред што ќе кажат“.

Освен изнесување на ваквите отворени критики на социјалните мрежи, вистината е дека во јавната комуникација има еден вид иронија кога станува збор за оваа категорија професионалци. Во последно време, таа намерно се иронизира од политиката (најмногу од неуспешни политичари, кои својот неуспех на изборите сакаат да им го припишат на медиумските луѓе). Се разбира, бесправно!

Недоразбирања во врска со функцијата на аналитичарот има и од медиумите, но и од јавноста! За жал, наместо да се охрабруваат, отворено се артикулира оваа реторичка тенденција, која освен што има ноти на иронија, има дури и понижувања!

ШТО СЕ ОПФАЌА ТЕРМИНОТ „ПОЛИТИЧКИ АНАЛИТИЧАР“

За да се избегнуваат недоразбирањата од употребата на синтагмата политички аналитичар, направивме некои сугестии кон медиумите и новинарите, во врска со именување на изворите.

Политички аналитичар е лице кое се занимава со анализрање на политичките појави, со испитување и со разгледување на настаните, проблемите или политичките идеи до детали или од сите страни. Така може да се нарекуваат лица кои завршиле политички науки или општествени науки и што работат во истражувачки институти и подготвуваат политички анализи, но и лица со долго искуство во медиумите и што пишуваат политички анализи кои се објавуваат во медиумите, меѓународните новинарски мрежи или други изданија.

Тие што работаат во државни институции на директорска позиција или имаат некоја друга раководна позиција, не може да се претстават во медиумите како аналитичари, бидејќи, во најмала рака, станува збор за тенденција за манипулација со јавноста, зашто може да се случи и се случува еднострано политичко мислење да се спакува како аналитичко мислење.

Политички аналитичари не може да се наречат млади лица, „деца“, сосема анонимни, без некоја биографија или апликативен професионален или научно-истражувачки багаж, кои одеднаш излегуваат на медиумскиот простор како политички аналитичари, и тоа како печурки по дожд.

Има многу дилеми и критики за тоа дали може еден поранешен политичар да биде политички аналитичар? Може, само ако има факултетско или постдипломско образование од областа на политичките или општествените науки или е ангажиран на факултети, институти или истражувачки центри, и(ли) што се докажал со објавување на аналитичките написи. Овој епитет не го заслужува некој што е пасивен во подготовка на пишаните анализи и што се активира само на телевизиските студија. Затоа треба да се имаат предвид и следните термини:

Колумнист е лице кое едноставно има мислење, став, гледна точка или перспектива за настаните, идеите, проектите, проблемите или политичките појави. Овде обично припаѓаат поранешните политичари или амбасадори, кон кои има еден вид одбивање од јавноста.

Експерт  е лице кое специјализирано во една одредена тесна област и за која е поканет да коментира, да анализира или да дебатира со надлежност и со професионализам. Значи, експерт е лице што има експертиза во една студиска област, секако дека треба да има објавено и научни трудови по списанија од оваа област, но и да учествува на конференции, на трибини, на семинари и на научни симпозиуми.

Пример: експерт по кривично, граѓанско право, експерт за медиуми, експерт за политички партии, за демократија, за демографија, за микроекономија итн! Истото важи и за употребата на терминот научен истражувач. Како такви се нарекуваат луѓето што работаат по научно-истражувачките институти, било тоа да се невладини институти или, пак, со јавно финансирање.

Новинари се нарекуваат колегите што работаат по медиуми и што учествуваат на дебати, даваат политички изјави во медиуми или зборуваат за медиумските и за новинарските прашања, како слободата на говорот или разните проблеми во медиумите, како заканите, платите, условите за работа и така натаму! Ова е атрибут што му прави чест на секој што работи во медиумите!

Нормално дека конкретниот новинар се атрибуира и врз основа на одредената позиција што ја има во медиумот од имотна димензија (издавач или сопственик), од менаџерска димензија (директор или генерален менаџер) и  од уредничка димензија (главен уредник или уредник). Брајан Мекнер, во неговата книга „Вовед во политичката комуникација“, истакнува: „.. Новинарите се тие што ни го пренесуваат значењето на политиката. Тие ги поставуваат настаните од политичкиот живот во наративни структури“.

Како такви, тие имаат право да бидат коментатори на политичките настани по разни медиуми.

Универзитетски професор е лице што работи како наставник во универзитет и изразува мислења или учествува на дебати по медиуми и зборува за областа за која предава или зборува за проблемите со образованието и во општеството. Во овој контекст може да се атрибуираат со терминот академик членовите на Македонската академија на науките и уметностите. Се разбира, само кога зборуваат за нивната специфична област или за општествени прашања. Кога молчат, треба да им се напомене дека универзитетската и академската елита не молчи. Нивното молчење не е злато!

За крај, медиумот не треба да ја релативизира одговорноста на политичарите што го избегнуваат соочувањето, кои често ја претпочитаат дебатната униформност, релативизација што се прави зафаќајќи ги столовите на политичарите по медиумите од аналитичарите и од колумнистите. Затоа, медиумите треба да бидат поупорни, за политичарите да одговараат кога имаат медиумите интерес, а не кога им е во прилог на политичките партии. Бидејќи тогаш немаме работа со новинарство, туку со односи со јавноста. Јавноста треба да се убеди, а не да се манипулира!

(Авторот е универзитетски професор и истражувач на медиумските прашања) 

Оваа новинарска лекција е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Новинарската лекција e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на новинарската лекција е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Оваа новинарска лекција е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Новинарската лекција e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на новинарската лекција е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Медиум ли е, судија ли е?

[Рецензија: Ова го има во 21 век во Македонија: Еве како настануваат железнички несреќи кај нас (ВИДЕО)]

Текстот е нецелосен, необјективен и тенденциозен, од насловот до заклучокот, кој, всушност, претставува коментар. Тој предизвикува лавина реакции на ФБ, шири сензационализам, наместо да влијае на едукацијата на возачите и почитувањето на пропишаните правила. Текстот се повикува единствено на видео објавено на социјалната мрежа „Фејсбук“, што не е доволен извор, односно во него недостига втората страна.

Линк до оригиналниот напис: Ова го има во 21 век во Македонија: Еве како настануваат железнички несреќи кај нас (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 13.8.2018 

Датум на рецензирање: 14.8.2018

Рецензент: Стојан Синадинов

Насловот на текстот веднаш асоцира на негативност, несреќи и, се разбира, што повеќе кликови. Алузијата дека сообраќајните прописи во моментот кај нас не се дел од 21 век се очигледни уште во првиот пасус од текстот, во кој се „анализира“ без никакви податоци:

Во Македонија како сега, така и во минатото имало голем број железнички несреќи, во кои доста често имало човечки жртви.

Порталот некритички ги прозива надлежните служби за грешки што можат да бидат опасни за животот на возачите:

Виновниците најч+есто се неодговорните возачи, но ова видео објавено во фејсбук-групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ покажува и една недозволива грешка на надлежните служби.

Имено, додека поминува воз на пругата, рампата е крената, што претставува вистинска опасност за животот на луѓето.

Јавното препријатие Македонски железници – Инфраструктура го има уредено железничкиот сообраќај во земјата со низа прописи во делот на безбедноста на патни премини.

ЈП МЖ Инфраструктура е компанија одговорна за одржување на пругите и на постројките со обврска за редовно и безбедно функционирање на железничкиот и на друмскиот сообраќај. По должината на пругите на територијата на Република Македонија се вградени: сигнално-сигурносна и телекомуникациска опрема, постројки и сигнални знаци во согласност со Законот за безбедноста на железничкиот и друмскиот сообраќај.

Во согласност со законските одредби, сите места се опремени со соодветно ниво на сигнална опрема кога во ниво се вкрстуваат железничка пруга, колосек и пат.

На железничката линија каде што е снимено видеото на кое се повикува порталот (на потегот Штип-Велес, кај село Сарамзалино), возот сообраќа само еднаш дневно. На видеото јасно се гледа дека возот не оди брзо (напротив), а преминот ја има потребната сигнализација. И за оваа фреквенција на сообраќај МЖ – Инфраструктура имаат соодветна регулација со сигнали:

На премин на патот преку железничка пруга во исто ниво, на кој нема уред за затворање на сообраќајот ниту уред за давање знаци со кои се најавува доближување на воз, учесниците во сообраќајот можат да преминат преку железничката пруга дури откако претходно ќе се уверат дека по пругата не наидува воз или некое друго возило што се движи по шини.

Во Правилникот стои и дека:

Во согласност со Правилникот за вкрстување на пруга со пат од аспект на сигурно одвивање на железничкиот сообраќај и критериумите и постапката за сведување, утврдување места на вкрстување и начин на вкрстување на железничка пруга и пат, како и категоризацијата на местата на вкрстување на железничка пруга и пат и начинот на нивното осигурување, извршено е осигурување на патни премини во согласност со Член 7 од Правилникот, во кој се вели:
1) при вкрстување од 1 категорија, патниот премин се изведува надвор од нивото;
2) при вкрстување од 2 категорија, патниот премин се осигурува со автоматски уред за давање светлосни и звучни сигнални знаци и сообраќајни знаци на патната сигнализација;
3) при вкрстување од 3 категорија, патниот премин се осигурува со сообраќајни знаци на патната сигнализација.
(2) Осигурувањето на патниот премин од 3 категорија, може да биде дополнето и со полубраници или браници во зависност од местото и условите (намалена видливост, магла, чад, близина на училиште и др).

Сепак, на крајот од текстот, повторно прозивка на надлежните служби:

Уште колку железнички несреќи треба да се случат во кои ќе настрадаат невинин лица, за некој да обрне внимание на ова?

Ваквото коментаторско прашање само ги разгорува страстите за коментирање, кои веднаш стануваат партиско-политички пресметки на социјалните мрежи.

Едукативната димензија е потполно запоставена. Во спротивно, порталот ќе имал доблест да ѕирне во Правилникот на „Македонски железници“, во кој стои и следниов апел:

Во текот само на овој месец се регистрирани три сообраќајни несреќи со над 20 тешко и полесно повредени лица, причинета е голема материјална штета на железничката опрема, на постројките, на сообраќајните возила, како и финансиска штета од прекините на железничкиот сообраќај.

Кулминација на непочитувањето на поставената сигнализација е и настанот од 25 мај оваа година. Станува збор за возот бр. 634, кој сообраќа од Гевгелија до Скопје, и за настан што се случи првпат во историјата на железниците во Македонија. Возот бил принудно запрен, со исклучување на напојувањето на контактната мрежа од страна на вработените и оперативниот центар, за да се избегне судир. Настанот се случил во градот Велес кога на обезбеден патен премин според сите процедури, со спуштени браници од страна на овластено службено лице за обезбедување патен премин, со демонстрација на сила биле подигнати браниците за насилникот да помине со своето возило. Со цел да се избегне судир, возот што сообраќа на тој дел од пругата бил принудно сопрен со исклучување на напојувањето на контактната мрежа. Насилникот со закана кон овластениот железнички работник го напуштил патниот премин. Овој чин на насилство и закана е кулминација на непочитување на сигналните знаци, како и на службените лица задолжени за обезбедување на безбедноста на патните премини. Кулминација на непочитувањето на сигналните знаци и постројки за обезбедување на премините во ниво е и примерот кога, по избегнатиот судир во Велес, движејќи се кон Скопје истиот патнички воз (на патниот премин во населба Драчево) околу 21 часот направил судир со патничко моторно возило. Возачот на уништеното возило претекнувал, односно ги заобиколил застанатите моторни возила што чекале пред вклучените светлосни сигнали и спуштени полубраници. Возот бил пуштен кон Скопје по извршениот увид од страна на овластени службени лица, овој пат без човечки жртви, но со голема материјална штета.

Овој пример од пред некоја година не е осамен, но, во секој случај, му припаѓа на сообраќајната култура во Македонија во 21 век.

Публиката на МРТ се граѓани, а не само медиумски потрошувачи

Од аспект на граѓаните, на сите граѓани во Република Македонија, МРТ е многу повеќе од само уште една телевизија.

Пишува: Зоран Бојаровски

Во европските земји, модерните законски одредби за медиумите налагаат да се обрне особено внимание на потребите и очекувањата на членовите на општеството кога се во прашање медиумите. Она што е особено интересно кога се има предвид ова прашање, е дека принципите врз кои се изградени концептите на медиумите, имајќи го предвид значењето на јавните радиодифузни претпријатија, пред сѐ, како што е МРТ, да им се дава соодветна важност како на интересите на граѓаните, така и на интересите на потрошувачите.

Во медиумите со терминот „потрошувач“ првенствено се означуваат оние што бараат забава. Поимот „граѓанин“, од друга страна, од медиумски аспект, се однесува првенствено на онаа публика која е заинтересирана за јавниот живот и која настојува активно да учествува во него. Граѓаните од медиумите очекуваат да бидат релевантни извори на информации врз основа на кои тие ќе ги креираат своите ставови, постапки и акции.

КВАЛИТЕТОТ – ПРВЕНСТВЕНА УЛОГА

Континуираниот развој на дигиталните, мобилните и на комуникациските технологии им овозможуваат на медиумите продукциски околности да создаваат брзо и евтино широк спектар на забавни програми кои треба да ги задоволат потребите на медиумските потрошувачи.

За разлика од тој, потрошувачки ориентираниот концепт, примарната потреба на граѓаните е квалитетна и разнолична информација, која треба да им биде на услуга на граѓаните, да ги задоволи нивните културни потреби и нивните интереси како активни граѓани во општествената заедница. Како крајна цел, тој концепт треба да им овозможи на граѓаните учество во општествените процеси на ниво на дебата или на акција.

Се разбира, овој текст, заради потребата од разложност и елаборација, не крие дека во секојдневието, во реалноста, телевизиските гледачи, соодветно на нивните навики, се и граѓани и потрошувачи истовремено. Нема дефинитивна поделба граѓани и потрошувачи. Токму затоа, во една таква средина, и пред една таква публика, улогата на јавните радиодифузни претпријатија имаат исклучителна и деликатна улога да балансираат меѓу потребата на граѓанинот и на потрошувачот во еден ТВ-гледач.

Но, тоа никако не значи дека јавната телевизија треба да влезе во бесмислена трка и конкуренција со комерцијалните, кон забавни програми ориентираните, телевизии.

Квалитетот и на забавата и на информациите, мора да има првенствена улога кога станува збор за програмските содржини на јавните телевизии. Затоа, задачата на МРТ не е едноставна, но не е ниту невозможна. Напротив.

Како прво, ќе треба време, толку колку што е потребно, јавниот радиодифузен сервис да се  деконтаминира од партиските вируси вградени во сите негови сегменти, како и да се обезбеди стабилно и независно финансирање.

МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД САМО УШТЕ ЕДНА ТЕЛЕВИЗИЈА

Но, да се вратиме повторно на аспектите на публиката и на јавниот редиодифузен сервис. Од аспект на граѓаните, за сите граѓани во Република Македонија, МРТ е многу повеќе од само уште една телевизија. Оттаму, ако направиме уште една споредба меѓу концептот на јавен ТВ-сервис и оној на комерцијалните телевизии, треба да нагласиме дека програмските содржини на јавните сервиси не зависат од бројот на публиката. Ниту, пак, од специфичните категории гледачи кои имаат, пред сѐ, потрошувачки навики, како и од рекламерите кои ја адресираат таа публика. Доколку избере таква стратегија, јавниот сервис ги губи од перспектива граѓани и нивните заедници, како и нивните приоритети и интереси.

Исто така, треба да се има предвид и фактот дека слободниот медиумски пазар, како и целта на медиумите да ги максимизираат профитите, во одредена мера може да биде пречка во протекот на информации од јавен карактер или за продукција на содржини од јавен интерес. Треба да бидеме реални и да имаме предвид дека интересите и потребите на граѓаните и на нивните заедници не се секогаш на иста линија со принципите на слободниот пазар. Напротив, за комерцијалните телевизии тоа претставува дури и сериозна пречка. Затоа, таков проблем немаат јавните телевизиски или радио-сервиси.

Целта на јавните сервиси не може да зависи и да се фокусира само на една тесна категорија граѓани или на една општествена категорија зашто тоа или ќе ги партизира, или ќе ги стави во иста рамка, како и комерцијалните телевизии ако нивна целна група се гледачите што ги диктираат рекламерите. Оттаму јавните радиодифузни сервиси треба да го пронајдат заедничкиот именител за програма што ќе ги задоволи граѓанските и потрошувачките интереси на различни сегменти од публиката. Зашто, доколку програмите адресираат само одредени општествени групи (партиско членство или симпатизери), ќе се соочи со маргинализација во општеството и со изместување на местото кое во јавноста треба да го има јавниот сервис.

Јавните радиотелевизиски медиуми симултано им служат на интересите и на потребите и на мнозинските и на малцинските заедници, како и на поединците, односно граѓаните на тие заедници, и само како такви сервиси ја исполнуваат улогата на посредници за вредности од јавен интерес.

Оваа новинарска лекција е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Новинарската лекција e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на новинарската лекција е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Овој едукативен напис е првобитно објавен од Сервисот за проверка на факти од медиумите и КриТинк го реобјавува во функција на информирање на јавноста за теми поврзани со медиумската писменост и критичкото мислење.

Анонимен автор, анонимен извор, конкретна цел

[Рецензија: Можат ли Пендаровски и Рамадани да завршат в затвор за ширење страв?]

Јавно клеветење или изнесување неповолни факти за некого од анонимност е пашквила, достојна само за медитеранските комедии и таа ситуација не е достојна за степенот на посакуваната одговорност во едно општество како нашето

Иако последната деценија во стручната јавност имаше многу укажувања против непотпишаните текстови, особено тие што содржат конкретни обвинувања против некои институции или личности од јавниот живот, се чини дека таквите оградувања во наредните месеци сè помалку ќе вредат. Пред сè, поради вжештената атмосфера во општеството во однос на претстојниот референдум околу нашиот влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на преспанскиот договор. За ова прашање постои поделеност меѓу партиите и за очекување е некои од нив да се обидат да ги дисквалификуваат своите политички противници со удар под појасот, да се изразиме со боксерски речник. Медиумите тука добро доаѓаат.

Линк до оригиналниот напис: Можат ли Пендаровски и Рамадани да завршат в затвор за ширење страв?

Датум и време на објавување: 13.8.2018

Датум на рецензирање: 14.8.2018

Рецензент: Љубомир Костовски

Рецензираниот напис е поставен во две „гнили штици“, иако неговата цел е многу конкретна и се однесува на две јавни личности кон кои се упатуваат сериозни обвиненија со споменување членови од Кривичниот закон.

Првиот проблем со овој текст е тоа што е непотпишан. Анонимниот автор поаѓа од премисата дека поради јавно изразени процени на споменатите Стево Пендаровски (национален координатор за НАТО и поранешен претседателски кандидат) и Исмет Рамадани (претседателот на Евроатлантскиот совет на Македонија), тие шират страв и паника во земјата, што е, нели, казниво по КЗ. Едниот и во дебатна и во отворена емисија(!). Притоа, веднаш, од првата реченица, авторот на текстот се повикува на уште еден анонимец како основа на својата теза. Така добиваме двоец без идентитет, од кои едниот е некој „македонски експерт по кривично право, кој инсистира на неговата анонимност“. Ако е тоа некој сериозен кривичар, за каков ни го „продаваат“ во текстот, би требало да знае дека сериозните обвинувања по КЗ во медиум не може да ги изнесува на овој начин, скриен зад тарабата на анонимноста, а уште повеќе што доволно се „распослал“ со, да речеме, факти, главно цитирање делови од КЗ! Како да му веруваме некому, кој е наречен стручњак, ако не ја познава најпрвин својата одговорност во вакви „анонимни дојави“, кои по автоматизам стануваат пашквили, според драматуршиот речник. Имено, јавно клеветење или изнесувањенеповолни факти за некого од анонимност е токму тоа и таа ситуација не е достојна за степенот на посакуваната (европска) одговорност во едно општество како нашето.

Она што особено иритира во овој случај е самиот факт дека и во моментот на објавувањето на текстот, имаше доволно сериозни анализи објавени во регионот и кај нас. „Вината“ на Пендаровски и Рамадани не може во никој случај да биде издвоена за такви нивни согледувања фрлени кон соседството, бидејќи атмосферата што произлегува од фрлената идеја за можната размена на територии меѓу Косово и Србија, каде што протагонист е српската елита, е нешто што го преокупира светот, а не може никако да се држи во дворот на споменатите двајца аналитичари, како што текстот сугерира. Не нè плашат тие политичари, туку стварноста, која не е пријатна ниту за Македонија ниту за континентот. Вестите и коментарите за она што произлегува од споменатите цитати на Пендаровски и Рамадани, едноставно, денес може да се цитираат низ стотици наслови, дури и со споменување дентични размислувања на врвни политичари во светот од типот на Ангела Меркел, на пример.

Дали имаме можеби извинување, откако авторот/авторите на текстот виделе дека „ширењето паника“ во регионот добива епидемиски размери? Јасно дека не – дури и извинувањето е дегутантно ако доаѓа од анонимус.