Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Главни

Лажна е информацијата дека партиската книшка на СДСМ е тикет за вакцинација

Рецензираме вест на порталот Република, во чиј наслов се тврди: „СДСМ прави списоци за приоритетно вакцинирање, партиските книшки тикет за вакцина“. Во текстот е споделена фотографија која личи на мејл комуникација којашто наводно ја испратил генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Фотографијата од наводната кореспонденција меѓу Николовски и членството на СДСМ е фотомонтажа, не е вистинита и има за цел да создаде недоверба во начинот на кој се приоритизираат граѓаните што ќе се вакцинираат во Македонија. Информацијата ја демантираше и СДСМ: „Ова е невистина, лажна вест, целосна измислица со креирана графичка монтажа“.

Новинарот не треба да ги прашува или збунува граѓаните, туку да ги информира

Нешто не е во ред со новинарскиот текст во моментот кога новинарот констатира нешто многу важно и што потенцијално може да му наштети на имиџот на одредена политичка партија, и на крајот од сето тоа, во насловот, констатацијата ја завршува со прашалник (?). Не, не е работа на новинарот да прави претпоставки или да ги прашува граѓаните, туку напротив, да одговори на нивните прашања. Меѓутоа ова не е случај со веста што ја рецензираме.

Манипулација со старо видео со конспиративна содржина

На социјалните мрежи и на некои портали многу често гледаме дезинформации. Понекогаш самите наслови на одредени текстови збунуваат една група читатели, а друга, пак, ја иритираат, што се потврдува со коментарите добиени како „повратна информација“.  Одредени медиуми, во отсуство на оригинални информации, честопати сервираат и текстови со теории на заговор, издвојуваат митолошки фигури, злоупотребуваат видеа и сeтo ова го сервираат како информација.

Жителите на Коњаре не биле уапсени, туку повикани на информативен разговор

Единствената цел на текстот што го рецензираме е да рекламира министер на одредена партија, за да собере политички поени за наведениот министер, и тоа преку дезинформација. Написот зборува за апсењето на неколку жители на Коњаре, но тие не биле уапсени туку само повикани во полициска станица на информативен разговор.

ЦДЦ не призна дека маските не штитат од ковид-19

Текстот тврди дека маските немаат некој голем ефект во спречувањето на ширењето на ковид-19 и притоа се повикува на најновата студија на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Но, доколку ја прочитате студијата, ќе сфатите дека таа нема никаква врска со тврдењата искажани во написот.