Проектот е финансиран од Европската Унија
Со критично мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк
Mendim kritik për qytetarë me shkathësi mediatike - CriThink
Critical Thinking for Mediawise Citizens - CriThink

Главни

Заболените од ковид-19 да не се лечат со „неверојатни рецепти“ преку интернет

За да добие повеќе кликови, авторот на написот што го рецензираме, ги манипулира граѓаните давајќи им различни рецепти за тоа како да се „лекуваат“ од ковид-19 во домашни услови. Но, „рецептите“ преку Интернет можат да направат огромна штета ако некое лице заразено со ковид-19 се лекува според таквите совети. Важно е да се напомене дека дури и ако некој лек, за кој навистина мислите дека може да ви помогне во борбата против ковид-19, дефинитивно треба да се консултирате со вашиот лекар пред да го користите, а не со написи на интернет.

Со лажен маркетинг се нуди чај за наводно екстремно слабеење

Рецензираме лажен маркетинг материјал, во којшто се тврди дека ако нарачате извесен чај, наречен КетоДиет, ќе изгубите 14 килограми за една недела. Комерцијалниот оглас, инаку втемелен на лаги, манипулации и користење на лажни идентитети од медицинската пракса, всушност, е претставен како импозантно интервју со студентка од Кочани, која не постои, а за која во рекламата е наведено дека ѝ била доделена награда за високи достигнувања во здравството, за откривање на метод за слабеење 14 килограми неделно без хемикалии, гладување или тренинзи. Под скандалозно лажниот наратив, дадени се фотомонтирани коментари на наводни задоволни купувачи. Во оваа рецензија нема да се задржиме на делотворноста на препаратот КетоДиет, но дефинитивно констатираме дека маркетингот со којшто овој препарат се претставува пред јавноста е неетички и се базира на лажни факти

Дел од медиумите лажно го детектираа бразилскиот сој во Северна Македонија

Изминатата недела засилено се пишуваше за појавата на бразилскиот сој во Србија, а со тоа се засилија и претпоставките дека тој е веќе стигнат и во Македонија. Она што до денеска (21.04.2021) со сигурност го знаеме е дека ниту во Србија, ниту во Македонија, сè уште нема потврден случај на заразен со коронавирусот кој е носител на бразилскиот сој. Но, тоа не ги спречи некои медиуми, како во Србија така и во Македонија, неосновано да шират стравични и хорорни сценарија и да креваат паника меѓу населението, преку сензационалистички наслови чија цел е да соберат кликови, а не точно да ја информираат јавноста

Неумесен и недоличен текст без никаков јавен интерес

Наспроти, тоа што го дефинираат етичките и професионални новинарски стандарди,  овој текстот е крајно неумесен. Целиот напис, вклучително и насловот не се водени од јавниот интерес, независно што политичарите поради специфичноста на нивната работа треба да бидат изложени на повисок степен на јавна критика. Не е од никаков јавен интерес дали пратеничката носела или не носела памперс пелени додека била во скафандер! Недостојно и омаловажувачки е да се спушти нивото на јавната дебата толку ниско за да се коментира како некој што е позитивен на ковид ги извршувал физиолошките потреби

Дезинформација – нема предлог за поделба на Северна Македонија

Веста на прв поглед дава многу погрешен впечаток, бидејќи го претставува прашањето за поделба на Северна Македонија помеѓу Бугарија и Албанија како да е предлог на високо ниво и многу сериозен. Но, сериозноста се губи во моментот кога ќе го прочитате насловот којшто воопшто не е добро структуриран од јазичен аспект. Некои букви се големи, некои мали. Оваа небрежност ја покажува (не)грижата на авторот на текстот да биде точен и етички коректен пред читателите. Другиот суштински проблем е фактот дека на овие информации им недостасува вистинскиот извор. Се споменува бугарски весник, но неговото име не е цитирано.